Функционалната депресија нема статус на званична медицинска дијагноза, но претставува добар начин да се окарактеризираат луѓе со лошо расположение, ниска животна енергија и анксиозност.

 

Животот за овие луѓе воглавно изгледа вака - во надворешниот свет се продуктивни, многу успешни, а кога ќе заврши работниот ден, ги торшат сите внатрешни ресурси. Пред сè ќе изберат да останат дома, отколку да одат на вечера со пријатели. Полесно им е да се вовлечат во кревет, бидејќи утре е нов ден. Така изледа личност со функционална депресија. Повеќето од овие луѓе имаат дистимија, позната како трајно депресивно пореметување, депресија со низок степен, за која карактеристични се замор и недостиг на енергија.

Тие се често нерасположени, но не ја исполнуваат дефиницијата на класична депресија, која е потешка. Дистимијата воглавно трае две или повеќе години, но лицата кои ја имаат храбро се борат со неа и ретко зборуваат за тоа.

Дијагностицирањето е тешко, бидејќи е подстепен на класичната дпресија, па луѓето не ја препознаваат додека не дојдат до емотивно прегорување.
Дури и луѓето кои страдаат до повеќе степени на депресија, класичен, епизоден или губење на интерес за било што, можат да се сметаат за луѓе со функционална депресија.

Многу важно е да побарате соодветна стручна помош, бидејќи оваа состојба се лекува.

Најново на форумот

  • No posts to display.