Валентин Петрески, или познат под уметничкото име ТиноСки, со своите дела создава насмевки и уметност која буди многу среќа кај луѓето. Моментално тој го има најшарениот Инстаграм профил, на кој можат да се видат неговите интересни ремек дела.


- Сè започна од мојата желба да имам шолја по свој мерак. Идејата им се допадна на моите најблиски и еве ме и ден денес останав доселеден на тој момент. Персонализирам желби во повеќе форми. Можам да кажам дека во сите дизајни ме гледате мене, тоа сум јас – цели Валентин за неговата идеја и додава дека најмногу го радуваат дизајните за деца, кои будат бројни насмевки кај нив. Особено интересни се дизајните кои ги прави токму во време на пандемијата ковид-19.


- Низ годините работа сфатив дека мора да се прилагодуваме на ситуацијата, па така по подолго негодување, решив да дизајнирам детски маски кои ќе предизвикаат насмевки и со мерак ќе се носат. Тоа се неколку детски мотиви во комбинација со нивни популарни ликови, нацртани на мој начин. За да биде комплетно, решив да се спакувани како сокче највкусно на свет-  ни открива Тино.


Покрај со креативна работа, Валентин на јавноста ѝ е познат како водител на емисијата „Урбан таг“ која се емитува на ТВ 21, а за новинарството вели дека му е прва љубов.
- Доколку сакате да подарите љубов, посетете нè во Дебар Маало, веднаш спроти фризерското студио „Вог“. Подготвуваме многу нови идеи и изненадувања – завршува тој.

Најново на форумот

  • No posts to display.