Мудроста не е само знаење, искуство и проникливост- тоа е пред сѐ внатрешно спокојство, кое не го засенува разумот. Стекнувањето мудрост е големо достигнување со кое не може секој да се пофали, дури ни во зрела возраст. Астролозите долго ги анализирале особините на хороскопските знаци и решиле да кажат кај кои од нив мудроста ќе дојде со годините.

1. Јарец – сериозност, смиреност и проникливост, се карактерни особини и доблести кои од жените родени во знакот Јарец прават најмудри представнички на поубавиот пол. Тие се воздржани, секогаш постапуваат совесно и знаат да носат вистински одлуки. Своите кариери и врски жените Јарци никогаш не ги градат набрзина. Тие смирено ги прифаќаат подароците од судбината и на крај го добиваат сѐ она што го сакаат.

2. Водолија - жената Водилија не е само фасцинантна, туку поседува и природна мудрост. Представничките на овој хороскопски знак имаат свои ставови, но никогаш не ги наметнуваат и не сметаат дека секогаш се во право. Водолиите не се расправаат за ситници. Никогаш не се обидуваат да го сменат својот партнер. Во животот сѐ прифаќаат онака како што е.

3. Девица - Девиците умеат да го прифатат животот сосема рационално. Жените родени во овој знак се многу разумни и стрпливи личности. Во некои животни ситуации често пристапуваат како набљудувачи. Благодарение на тоа, тие многу подобро ги разбираат работите.  Жената Девица е создадена од мудрост, учтивост и смиреност. Таа умее да ги контролира своите емоции и покрај својата внатрешна сила делува многу нежно и женствено.

4. Бик  - ако навистина ви треба мудар совет за врски, обратете се на жената Бик. Таа своето искуство и знаење со задоволство ќе го подели со другите. Биковите поседуваат внатрешен мир и добрина, а својата топлина со задоволство ја делат со околината. Жената Бик може да стане муза на својот партнер, бидејќи секогаш ќе ги поддржува неговите амбиции и ќе биде сигурна потпора во семејниот живот. Претставничките на овој хороскопски знак знаат да даваат навистина мудри совети. 

5. Овен  - жените Овни се многу одговорни и сметаат дека го држат животот во своите раце. Тие нестпрливо и со високо крената глава ги примаат сите тешкотии кои им ги наметнува судбината. Жените родени во овој знак со задоволство им помагаат на другите и се грижат за нив. Жената Овен исто така сака да го запознае светот и затоа сака да чита книги и обично има хоби.

Најново на форумот

  • No posts to display.