На луѓето кои досега немале среќа да најдат сродна душа им се нуди нова апликација “refrigerating“ со која корисниците разменуваат снимки на содржината на својот фрижидер и пронаоѓаат блискост, барем во јадењето, ако можеме да ѝ веруваме на поговорката „патот до срцето е преку желудникот“.

 Апликацијата ја разви “Самсунг“, а авторите објаснуваат дека кујната е едно од најважните места за односот на двајца луѓе, па зошто да не се тргне од неа. Корисниците треба да ја снимат содржината на својот фрижидер и да ги разменат снимките со други кандидати, но од “Самсунг“ предупредуваат да бидат природни, односно да не го средуваат фрижидерот пред снимање. За да функционира апликацијата, морате да ја покажете вистинската состојба.

Но како и кај сите апликации за “спојување двојки“ кандидатите тешко веројатно ќе одолеат на искушението да се прикажат во најдоброто светло, односно во овој случај својот фрижидер.

Оние кои се плашат да ја прикажат тажната приказна на својот фрижидер, авторите ги советуваат да ја имаат на ум старата изрека “Спротивностите се привлекуваат“. Така не само што можеби ќе најдете сродна душа која ќе ве усреќи, туку ќе откриете ново царство на вкусови.

Најново на форумот

  • No posts to display.