Неодамнешно истражување потврдило дека на одредена возраст, во просек, секој од нас се претвора во еден од своите родители, најчесто ќерките во мајките, а синовите во татковците.

Жените најчесто се „претвораат“ во својата мајка на 33-годишна возраст, додека мажите го прифаќаат однесувањето на својот татко на  34-годишна возраст. Секако, постојат и исклучоци или кога синот станува како мајка си или ќерката како татко си.

Кај жените, пресуден момент е мајчинството и првите знаци на стареење. По овие физички моменти, тие стануваат свесни дека и во однесувањето наликуваат на едниот од своите родители, најчесто мајката. Почнуваат да носат слична облека, да ги користат истите или слични фрази, но и да имаат повеќе заеднички хобија со својата мајка.

Кај мажите пресвртниот момент е исто така станувањето родител, а потоа и првите изгубени влакна, покачувањето килограми, и интересно, навиката за гаснење на светло зад себе, спуштање на капакот на тоалетната шолја и слушањето слична музика како нивните татковци.

Секако, ова и не е толкулошо, особено кога родителството е во прашање, бидејќи ако вашите родители завршиле добра работа со вас, истото ќе го направите и вие за своите деца.