Љубовта, грижата и поддршката од бабите и дедовците има благотворно влијание на внуците. За тоа сведочат бројни научни истражувања

 

1. Се намалува ризикот од депресија
Емоционалната блискост на бабите и дедовците со внуците го намалува ризикот од депресија кај децата. Во истражување спроведено во Бостонски универзитет, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. Кога научниците ги анализирале податоците собирани 19 години, се докажало дека опасноста од депресија се намалува и кај постарите и кај помладите генерации. 


2. Зголемено чувство на стабилност и сигурност
Бабите и дедовите им даваат на децата чувство на стабилност и емотивна сигурност. А во трауматични ситуации или во тек на семејни расправии, бабите и дедовците им се голема поддршка на внуците. Истражувањето спроведено во Оксфордски универзитет докажало дека блиската врска на вниците и постарите генерации им помага на децата да се соочат со трауматични случувања во животот, како што се малтретирање во школо или развод на родители. Истражувањето опфатило повеќе од 1500 деца и се докажало дека оние кои биле во блиски односи со својата баба и дедо имаат помалку емотивни потешкотии и проблеми во однесувањето. Покрај тоа, такввите деца имале развиено чувство на самосвесност, што им олеснило во надминување на потешкотиите.

3. Помош за родителите
Родителите понекогаѓ немаат доволно време за игра и разговор со децата. Бабите и дедовците често на децата им се замена за родителите, особено ако им е потребна игра и забава. Покрај тоа тие поретко ги караат децата, така што внуците се подготвени да им ги кажат своите тајни.

Сето ова ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството, бидејќи родитеелите се спокоји знаејќи дека децата се добро, додека тие не се дома.