Капитол мол цели кон тоа караницата да се претвори во танц, недоразбирањето во причина за разговор и неискреноста во искажување на вистината. За таа цел го поканува сите на забавен танцов хепенинг кој ќе се случува викендов.

Во сабота 06ти и недела 07ми октомври Капитол мол организира танцов хепенинг наречен „Кажи ми со танц“, со кој сака да прикаже една нова платформа и нов темел за меѓусебно разбирање. 

Најавата за настанот се случи со интересна „танцова битка“ во која учествуваа десетина млади хип-хоп и р'н'б танчери од студијата„Брејк а лег“ и „Аква денс клуб“ , започнунвајќи со „караница“ кој подобро владее со музиката и ритамот. Во деновите на танц, посетителите на Капитол мол ќе може да се запознаат со неколку балетски студија, кои ќе им ги претстават своите програми и можности, со цел заинтересираните да се впуштат во откривање на нов начин на разговор, преку движења и музика.

За тоа како ќе ја почуствуваат оваа музика и танц, поетите и авторите Ксенија Николова, Наим Иљази, Јован Илиески и Вера Калин ќе ја преточат инспирацијата во зборови и стихови и ќе им ја доделуваат на посетителите. Воедно, тие ќе ги потпишуваат и своите книги и поеми.

Најново на форумот

  • No posts to display.