Психолозите, како и повеќето среќни парови, потврдуваат дека постелата е едно од најдобрите места за искрени разговори поврзани со најосетливите теми. Но успешноста на разговорот зависи од некои ситници, кои наизглед ви се чинат не важни, а сепак, можат многу да придонесат за подобрување на комуникацијата меѓу партнерите:

- Одвоите време само за разговор во постелата. Без разлика дали разговорите ќе се водат во доцните ноќни часови или за време на првото утринско кафе, тие претставуваат искуство кое ја зголемува блискоста помеѓу партнерите.

- Додека ги водите разговорите, исклучете ги мобилните телефони (или однесете ги во друга просторија). Истото направете го и со компјутерот, телевизорот и фиксните телефони

- Бидете позитивни. Никогаш не започнувајте ги разговорите со оптужување, напаѓање или прашање. Значи, наместо да кажете: “Зашто повеќе не излегуваме?”, обидете се да изговорите: “Би сакала повеќе време да поминуваме заедно”.

- Немојте однапред да ги ограничувате темите за разговор. Оставете разговорите да течат спонтано без утврден ред. При ваквото повторно “будење” на чувствата за блискост се е дозволено. И којзнае, можеби од добриот разговор, за оние што не се во брак може да се роди нешто многу позначајно, а за оние кои веќе се во брак -стабилна врска.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.