На мажите на кои тешко им паѓаат раскинувањата на врските и не можат да поднесат женски солзи, прашања и обвинувања, сега повеќе не мораат да смислуват начини како да го сторат тоа што безболно.

Имено, доволно е да се обратт до онлајн сервисот „Жал ми е, готово е“, кој за нив ќе ја „заврши“ целата работа. Сервисот дава услуги со СМС пораки, мејлови, телефонски повици, писма, па дури и испраќање цвеќиња за збогување и подарок-корпа со вино, марамчиња и чоколада. Цената изнесува од пет до 90 долари во зависност од пакетот што ќе го избере корисникот.

Најевтини се вообичаените пораки како „Многу сме различни“, „Не е до тебе, јас сум виновен“, „Се надевам дека ќе бидеш добро“, „И натаму можеме да бидеме пријатели“... За 12 долари службеник на компанијата ќе ја повика поранешниот девојка и ќе ја пренесе лошата вест. Како што кажуваат основачите, сервисот е наменет на срамежливите и интровертни лица, на кои раскинувањето тешко им паѓа и не можат да поднесат драматични ситуации. Социолозите, од друга страна, во ваквите начини на раскинување гледаат уште една потврда на оттуѓување и неподготвеност да се соочиме со сопствените одлуки, колку и да се непријатени.

Извор- МИА

Најново на форумот

  • No posts to display.