Во петокот вечерта во МКЦ се оддржа концертната промоција на ,,Флека”, убаво освежување на македонската музичка сцена. Новата флека во градот е всушност новиот бенд на Тони Зен составен од 11-те најдобри музичари кај нас:

Тони Зен- вокал, Сиги- вокал, Нино Васков- вокал и гитара, Борче Кузмановски- клавијатури, Благоја Антовски- тапани, Гоги Полизов- бас, Анета и Гена Качуркова- придружни вокали, Александар Николовски- труба, Борислав Веселинов- саксофон, Филип Стевановски- тромбон, а продукцијата која што стои позади овој проект е Стерео Рекордс.

 

Фанк, џез, соул, блуз и хип-хоп е музичкиот правец на оваа група која ќе започне да ја пишува новата приказна со врвни музички перформанси и хитови. На концертната промоција, во живо се изведуваа некои од најпопуларните хитови од претходниот албум на Тони Зен, Микро Скопски Организам, но во поинаков стил и правец, со примеси на фанк, џез, блуз, реге и соул елементи. ,,Совети”, ,,Под Контрола”, ,,Зошто?”, ,,Светот е твој”, беа дел од песните кои беа изведени пред присутните, а примамија многу аплаузи, воодушевување и позитивни критики.

,,Ова е нашата пресс конференција, ова е нашата концертна промоција на овој бенд составен од 11 музичари. Нов звук во градот, нова квалитетна музика која ја правиме од срце. Верувам дека ова е почеток на нешто ново и поразлично. Го правиме она што најдобро знаеме и умееме, а тоа е да сме на сцена, помеѓу нашата публика, да настапуваме, свириме, музицираме и снимаме нова музика. Ви благодарам на сите Вие кои сте вечерва тука со нас, Ви благодарам што одвоивте време да дојдете и видите што е тоа што ние го правиме.- изјави Тони Зен.”

Многу пријатели, новинари, гости и најблиски соработници беа дел од синоќешната концертна промоција на ,,Флека”. Помеѓу пристутните можеа да се забележат Каролина, Дани, Слаткар и Сања, Валентино Скендеровски, Мерт, Милена Антовска, Марина Стојановска, Владимир Митревски- Ѓуле, дел од членовите на Токсикологија кои несебично ја дадоа поддршката за оваа нова музичка група, освежување на сцената кое беше повеќе од потребно.

Од ,,Флека” најавуваат синглови, нови хитови и албум. Сето она кое публиката ќе има можност да го слушне од нив е производ на долгогодишно искуство и правење на музика со љубов.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="priority" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="slimbox"}2015/04/fleka{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.