Секако дека генетиката има голема улога во здравјето на срцето, но и животниот стил, односно исхраната и вежбањето се важни. Еве осум здрави грицки кои можете да ги користите за ужина можат да ви помогнат во зачувување на здравото срце

1. Јаболки – овие овошки не го добиваат вистинското признание кога е во прашање здравата исхрана. Јаболкото едноставно е крал кога станува збор за борбата со срцеви болести. Богати се со антиоксиданси, содржат голема количина пектин, состојка која е важна за здравото срце бидејќи го намалува лошиот холестерол. Исто така јаболките се анти-инфламатори и тоа помага во одржување на здравиот кардиоваскуларен систем. Кога бирате јаболка секогаш изберете црвени бидејќи тие имаат поголема антиоксидациска моќ.

2. Леблебии – во една студија извршена над 10.000 испитаници кои често конзумирале леблебии, за 20% бил помал ризикот од срцеви заболувања. Иако сите легуминозни култури поволно влијаат на здравјето на срцето, сепак леблебиите се на првото место. Богати се со антиоксиданси, калиум и омега три масни киселни. Не мора секогаш да изберете печени леблебии, добар избор е и хумусот или слични јадења каде се главна состојка леблебиите.

3. Бадеми – докажано е дека луѓето кои редовно конзумираат бадеми за 37% имаат помал ризик од срцеви заболувања. Бадемите секогаш имаат предност во однос на другите јаткасти плодови поради содржината на кардиопротективни нутриенти која е највисока во споредба со останатите слични плодови. Содржат видамин Е, калиум и магнезиум, кои помагаат во намалување на притисокот, подобра циркулација на крвта. Еднаш неделно земете рендано јаболко со сечкани свежи бадеми и сето тоа прелеано со малку мед.

4. Боровинки – една до две чаши боровинки дневно го подобрува нивото на холестерол, ги намалува триглицеридите и имаат силно антиоксидантно дејство благодарение на високиот процент витамин Ц и Е. Ги штитат артериите и севкупното здравје на срцето. Според најновите истражувања докажано е дека органските боровинки имаат посилно антиоксидантно дејство. Затоа ако имате можност бирајте секогаш органски боровинки. Кога не им е сезона, слободно посегнете по смрзнати бидејќи и во таква состојба го задржуваат антиоксидативното дејство.

5. Темно чоколадо – ако се јаде еднаш дневно, го намалува ризикот од срцеви болест за 21%. При тоа се мисли на квалитетно темно чоколадо со висок процент на какао, кое е богато со флаваноли кои помагаат во здравјето на артериитеи го намалуват ризикот од срцев удар и инфаркт. Доволно е дневно да земете еден до два реда темно чоколадо со висок процент какао (од 70% нагоре).

6. Грозје – благодарение на високата содржина витамин Ц, Б6, калиум и флавоноиди, оваа овошка има изразено антиоксидативно и анти-инфламаторно дејство, што помага во одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Го регулира крвниот притисок, го намалува лошиот холестерол, помага во подобра работа на срцето. Свежото грозје е најдобро, иако и во замрзната состојба задржува голем дел од своите својства. Јадете ги и семките – богати се со здрави нутриенти.

7. Смокви – богати се со растителни влакна кои се важни за секој здрав диетален начин на исхрана. Исто така содржат и многу калиум, поради што се најдоа на оваа листа. Помагаат во намалување на крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви болести и инфаркт. Нема ништо поубаво од свежи слатки смокви кои се достапни од јуни до септември. Но и сувите смокви се добар избор – натопете неколку смокви (суви или свежи) во топено црно чоколадо и имате одличен здрав десерт.

8. Лешници – исто како бадемите, лешниците се богати со витамин Е, калиум и магнезиум, но тие содржат и голем процент омега 3 масни киселнини. Го намалуваат лошиот холестерол, помагаат во регулација на крвниот притисок, имаат анти-инфламатроно дејство. Добро е да ги јадете свежи заедно со тенката лушпа во која се откриени голем процент од здравите нутриенти. Грабнете по една полна рака лешници секој ден, нема да зажалите.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.