Утрата кога децата тргнуваат на школо знаат да бидат многу стресни, почнувајќи од познатата дилема „што да подготвам за појадок“, преку тоа да ги будите децата по 20 минути, па се‘ до нервозите пред зафатениот тоалет и трката со времето.

Како себеси и на детето да си го направите школскиот живот полесен и попријатен?

 

Намалете ја монотонијата

Сите сакаме мали промени во постојаниот тек на животот. Ако детето го возите секој ден до школо и ако живеете доволно блиску, испланирајте пешачење до школото за промена. Изненадувачки е како децата можат да добијат наплив на енергија на самата помисла дека прават нешто друго од вообичаеното. За постарите деца кои во школо одат со автобус или пешки, повремено испланирајте возење со автомобил.

 

Покажете дека се грижите

Посетете ги приредбите во кои учестуваат вашите деца, посетувајте ги манифестациите кои организираат школо, општо кажано, трудете се да учествувате во животот и работата на школото. Вашите деца ќе знаат да го ценат тоа, а ќе пренесете позитивен став и на нив.

 

Време за појадок

Сите знаеме колку е важно децата да бидат наспани и најадени пред училиште. Ако тостот и корнфлејксот се стандарден појадок кој не се менува во домот веќе со години, станете десет минути порано и изненадете ги со нешто ново, јајца и виршли на пример. Децата многу побрзо ќе станат од кревет и ќе бидат полни со желба за работа во денот пред нив! Можете во тек на викендот да забележите некои слатки и да ги замрзнете.

 

Време за вас

Сакате да читате весници наутро, или со филџан кафе да поминете 15 минути во мир? Кога имате деца, денот може да ви биде исполнет до последната минута. Еве предлог: станете 30 минути пред семејството и посветете си време себеси. Вежбајте или едноставно читајте го своето омилено списание, поентата е да поминете малку време без возменирување. За најдобри резултати, подгответе се за денот што ве очекува пред сите од семејството и на тој начин ќе избегнете судирање пред тоалетот во обид да се измиете заби или да се нашминкате.

Со овие совети вашите утра можат да бидат добро организирани со недели, дури и месеци, а потоа ќе се случи нешто и пак се‘ ќе тргне по старо. Сочувајте го овој список и прочитајте го од време на време или баш тогаш кога вашите утра повторно ќе почнат во општ хаос.

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.