Под мотото „Поврзување на културите преку образованието“ годинава од 01-03 декември беше одржан 11от Едукативен самит, а за прв пат во Турција.

Градот Истанбул, познат како „град на среќата“, со својата богата историска култура и традиција, кој е мост меѓу западната источната култура, беше вистинското место за овој настан.

 

Гостите говорници преку темите „Полиси за промовирање крос-културна едукација“, „Технологија за поддржување на крос-културната едукација“ и „Мобилни програми за едукација“ и многуте работилници ги истакнаа моменталните предизвици и визии како во 21 век да се успешно да се интегрира технологијата и во образованието и да го збогати истото. Освен тоа беше потенцирана потребата секое дете во светот да добие соодветно современо образование.

Џон Дејвис, потпретседателот на Интел, беше главниот говорник на интернационалната конференција која ја посетија гости од над 30 земји. Чигдем Ертем, регионалната директорка на Интел за Средниот Исток, Турција и Африка, Гунтер Јуенгер, директор на односи со јавнота за Интел ЕМЕА, проф.д-р Мехмет Караџа, ректорот на техничкиот универзитет во Истанбул и др.Муамер Јилдиз, директор на провинциското образование, исто така зедоа учество како говорници.

Бурак Ајдин, генералниот менаџер на Интел во Турција, потенцираше дека Интел креира многу проекти со кои овозможува развој на едукацијата кој е подеднакво значаен за студентите и учителите во Турција и светот

„Интел секогаш ја става едукацијата на врвот од сите социјални одговорности. Овој Самит, кој изминатите десет години беше организиран во различни европски држави, ја дефинира визијата за едукативниот систем во регионот“ - истакна тој.

Осврнувајќи се на едукацијата како еден од најзначајните фактори кои заедно со технологијата овозможуваат градење на иднината на секое општество, Чигдем Ертем, регионалната директорка на Интел за Средниот Исток, Турција и Африка, истакна дека Интел како главен актер во технолошката индустрија секогаш ја ставаат едукацијата на прво место меѓу своите специјални социјално одговорни проекти.

„Како резултат на таа перспектива ние ланисравме специјален социјално одговорен проект наречен „Интел едукативен програм за учители“. Со него беа обучени 12 милиони едукатори од 100 држави и истовремено овозможивме 1,6 милиони ученици на возраст од 8-18 години од 13 држави, да се запознаат со новата генерација во технологијата“ - додаде таа.

Ертем потенцираше дека благодарение на технологијата денес нема граници и сите живеме во свет кој ни овозможува да стигнеме до било која информација, било каде во било кое време и било кога сакаме.

„Евалуацијата на технологијата не само што прави социо-културни движења во секојдневниот живот, туку исто така влијае на продуктивните процеси и организацискиот менаџмент во економијата. Во овој контекст, технолошкиот развој, кој носи економски, социјални и политички трансформации, има круцијална улога во историјата на човештвото. Истовремено развојот на технологијата ни овозможува да развиваме нови пазари и нови работни зони. Овој нов свет нуди нови можности и во едукативниот процес. Моменатлно ние мораме да ги интегрираме технологијата и едукацијата, и на тој начин да ја градиме иднината на земјите во развој.“

 

Гунтер Јуенгер, директор на односи со јавност за Интел ЕМЕА, кој одржа говор на Самитот меѓу другото изјави дека Интел се фокусира на развојот на едукацијата и претприемништвото.

„Ние имаме над 200 едукативни и претприемнички проекти во над 70 држави до сега. Интел има за цел да ја развие едукацијата во светот и за исполнување на проектите користи голем капитал. Досега имаме направено над еден билион долари инвестиции во едукативни проекти. Дополнително вработените во Интел потрошија над три милиони часови за развој на едукативните активности во над 60 држави, изминатите 10 години како волонтери.“

 

За визијата на Интел за комплетно поврзување на едукацијата и технологијата говореше д-р Муамер Јилдиз, директор на провинциското образование.

„Во провинцијалната дирекција за национална едукација во Истанбул, потпишавме договор со компании и организации кои можат да придонесат во едукативните активности. Интел Турција е цврст партнер кој овозможува да се поврзат сите учесници во образованието како учителите, учениците и родителите.“

 

На крај проф.Мехмет Караџа, ректорот на техничкиот универзитет во Истанбул, говорејќи за важноста на промените во високото образоание кои ги носи Интел, ја потенцираше важноста на Самитот за неговата татковина, со што рече дека е докажана важноста на Турција за Интел.

Најново на форумот

  • No posts to display.