Според најновите истражувања мажите се помалку романтични кога станува збор за односот кон нивната партнерка.

Речиси половина од жените (55%) со години не биле изненадени со подарок од партнерот, додека петтина од жените (19%) почесто сами си купуваат цвеќе отколку што го добиваат. Студијата која била спроведена во Англија покажала дека каваљерството побрзо исчезнува кај помладите мажи.

Еден од десет мажи под 25 години признава дека побрзо ќе и‘ подарат на партнерката подарок кој го добиле од некого, отколку да отидат и сами да купат, додека еден од пет мажи признава дека подарувал нешта кои ги добил бесплатно.

За изненадување е фактот дека една половина од младите жени сами ја плаќаат или ја делат сметката за вечера на првиот состанок. Исто така интересно е и откритието дека речиси 72% од младите мажи под 25 години не им купуваат цвеќе на партнерките, што можеби не е чудно ако се има предвид дека 29% од испитаните жени признале дека купиле цвеќе за својот сопруг или партнер.

Доказ дека младите мажи не се романтични се и 62% од испитаниците кои признале дека не знаат кога им е годишнината од брак (врска) или роденден на партнерката, наспроти жените кај кои само 3% забораваат важен датум.

 

А кога станува збора за купувањето подарок, жените вложуваат многу поголем напор од мажите. Студијата открила дека тие во просек трошат неверојатни 24 дена за планирање што и каков подарок да изберат за партнерот, додека мажите тоа го завршуваат за 16 дена. Третина од испитаните мажи признале дека подарок бараат еден ден пред да го подарат.

При тоа жените најчесто бираат облека, додека мажите накит или чоколади.

 

Стручњаците кои ја спроведувале студијата советуваат дека ако сакаат мажите да ја одржат врската квалитетна и полна со љубов не смеат да заборават на каваљерството и треба почесто да покажуваат романтика. При тоа не е важна цената на подарокот туку помислата да & се подари нешто на саканата, макар и некоја најобична ситница.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.