Cryo-Save е водечка меѓународна компанија за криопрезервација и најголема европска семејна банка за матични клетки, која достигна рекорд од зачувани над 250 000 примероци од нејзиното основање во 2000 година. Тоа значи дека над 50 % од родителите во Европа кои зачувале матични клетки, довербата ја дадоа на Cryo-Save. Cryo-Save e присутна во повеќе од 70 земји на 6 континенти, со ултра модерни капацитети за обработка и сторирање во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Јужна Африка.

Cryo-Save е првата банка за матични клетки во Македонија која веќе осма година им нуди можност на македонските семејства да ги зачуваат матичните клетки од папочната врвца на нивното новородено во најголемата европска банка со лабораторија вово Ниел, Белгија. Со оглед на важноста на брзиот и навремен транспорт на материјалот до лабораторија, не случајно е избрана локацијата во срцето на Европа која има одлична конекција со сите делови на континентот како воздушна така и копнена. За секој пристигнат примерок, Cryo-Save спроведува модел на двојно зачувување на материјалот. Тоа значи дека матичните клетки од секој клиент се чуваат во два физички одделни компартмана за дополнителна сигурност. Лабораторијата на Cryo-Save во Белгија е опремена со ултрамодерна технологија и работи со најнова генерација на Biosafe апарати и Sepax метода (врвна технологија во областа на обработка на матични клекти) со што се постигнува најдобра успешност на примерокот по одмрзнување. Целиот процес од собирање на примерокот, транспорт, обработка, складирање и ослободување на промероците за терапија е целосно мониториран и контролиран. Официјално акредитирани како ткивна и органска банка, Cryo-Save е носител на ISO, AABB, FAGG, GMP и FACT акредитациите. Она што несомнено ја прави оваа банка единствена, е прифаќањето на зачуваниот материјал од страна на сите медицински центри ширум светот, како безбеден извор на матични клетки за терапија.

Постапката за колекција на основен материјал од кој понатаму во лабораторија ќе се издвојат матични клетки се изведува во секое раѓалиште во Македонија во специјален сет за таа намена кој клиентите го добиваат со потпишување на договорот диретно со Cryo-Save, унифициран во сите европски земји. Бидејќи финансиската стабилност на институцијата е исто така еден од клучните фактори за сигурноста, Cryo-Save е јавно излистана компанија на Amsterdam stock exchange и годишните финансиски извештаи на компанијата се достапни и транспарентни за сите клиенти.

Би-МЕК како локален партнер на Cryo-Save за Македонија е ISO 9001:2008 сертифицирна компанија како центар за набавка на услуги за криопрезервација на матични клетки од папочна врвца и е единствена сертифицирана компанија од ваков тип во државата.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.