Ако вашата работа ве разделува од вашето дете повеќе отколку што сакате, овие интересни идеи можат да ви помогнат со детето да поминете некое време заедно иако сте одделени со километри.

 

1. Ако имате омилен парфем капнете малку на перницата од детето за да го потсетува на вас.

2. Купете или сами направете стикери на кои ќе ги напишете вашето и името од детето и залепете ги на имињата од ликовите во некоја сликовница. Исто така можете да залепите и слики од вас и детето преку нивните. Завиткајте ја книгата и речете му на детето да ја отвори првата вечер кога ќе бидете отсутен.

3. Снимете цеде на кое вие ќе му ги читате приказните пред спиење.

4. Испратете преку пошта или мејл документарец за тоа што работите преку ден кога сте отсутен. Тука вклучете ја и вашата исхрана, начин на патување и тн. И вашето дете нека го направи тоа.

5. Лансирајте напад од разгледници – праќајте разгледница секој ден во неделата. Пробајте да најдете некои забавни или необични.

6. Вклучете изненадување во вашите писма – слики, некои мини сувенири како подлошка за чаша, мини фигуричкки, листови од цветови, конфети, слики од весници, марки или автобуски карти- за да му покажете на детето дека мислите на него.

7. Ако вие и вашето дете имате пристап на интернет, испратете некои онлајн разгледници (BBC's Cbeebies site at www.bbc.co.uk/cbeebies има голем избор).

8. Пронајдете оригинални нешта на кои ќе пишувате – хартија во неговата омилена боја, стикери или слики од предметите кои ги сака детето.

9. Испратете дома малку пари за да оди детето во посета на Зоолошка градина, кино или некое затворено игралиште.

10. Доколку дома поседувате телефон со спикерфон, кажете и‘ на сопругата да го стави телефонот на маса за време на вечерата за да можете „заедно да вечерате.“

11. Пред да одите, сокријте низ домот мали „богатства“ како играчки, стикери, чоколади и сл. Нацртајте мапа каде е се‘ сокриено, а потоа испратете му ја. Или преку мобилен (ако не ви е многу скапо) можете да му давате насоки додека е во потрага по скриените нешта.

Најново на форумот

  • No posts to display.