Иако деца кога се многу мали не разбираат најдобро што значат зборовите „Те сакам“ нивните дела кажуваат повеќе од зборовите

1. Вашето бебе непрекинато гледа во вашите очи – тоа всушност се труди да го запомни вашиот лик. Вашето бебе не разбира ништо во врска со овој свет, но она што сигурно го знае е дека сте многу важни за него.

2. Вашето бебе мисли на вас дури и кога не сте покрај него. Помеѓу осум и дванаесрт месеци ќе почне да се мурти и гледа наоколу ако му се изгубите од видното поле и ќе се смешка кога пак ќе ве здогледа.

3. Вашето дете има напади на гнев, фрла се‘ околу себе и слично. Не, тоа не значи дека престанало да ве сака ако е бесно на вас, едноставно е повредено и луто, доколку поради нешто сте го изневериле, бидејќи имало голема доверба во вас.

4. Вашето дете трча кон вас за да го утешите кога на пример ќе падне или е тажно, децата на оваа возраст баш и не разбираат најдобро што значат зборовите „Те сакам“, но нивните дела кажуваат повеќе од зборовите.

5. Вашето претшколско дете ви дава цвеќе го набрало во градината, со рака нацртано и обоено срце, светкаво каменче или било каков друг подарок...тоа е дефинитивно знак дека ве сака!

6. Вашето претшколско дете го бара вашето одобрување. Сака да ви биде од помош и ви помага во работата дома. Бара шанса да ве импресионира, а реченицата „Погледни ме“ станува секојдневна фраза.

7. Вашето учениче ви ги доверува своите тајни, како што се првото вљубување или најголемиот претрпен срам (за него). Вие сте личноста на која и‘ се доверува и и‘ верува, дури и ако се срами од вашите прегратки во јавност.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.