Поттикнувајќи го вашиот креативен потенцијал, хобито ви дава чувство на задоволство и смисол во животот, што може да ви помогне во минимализирање на последиците од стресот. Затоа добро е да имате хоби уште пред да одите во пензија.

Набљудувањето на птиците, според неодамнешните истражувања, е најбрзорастечкото хоби во САД, и е веднаш по градинарството на листата со хобија, на кое му се имаат посветено повеќе од 50 милиони Американци. Луѓето ги набљудуваат и хранат птиците, креираат мини градини на терасите и прозорските рамки, сликаат, фотографираат, пишуваат песни....бидејќи тоа ги радува, опушта и помага полесно да се соочуваат со секојдневието.

И не станува збор за луѓе кои имаат вишок слободно време па не знаат што со себе, туку за активни луѓе кои хобито им е еден од начините да се ослободат од стресот. Значи додека чекате пензија или добивка на игра на среќа, не е лошо да се посветите на некое хоби бидејќи предностите кои ги носи се далеку поголеми од времето кое го бара.

 

Потисната креативност

Посветувањето на активностите кои ги сакате или усвојувањето нови вештини – на пример курс за странски јазици, готвење, пишување, самопомош...е еден од начините неколку часа да побегнете од работата, стресот, па и домашните и да се свртите кон себе и сопствениот развој. Одејќи секој ден на работа и извршувајќи ги сите должности, прави да сте пребукирани со обврски, а и да се чувствувате незадоволно. Како да сте заглавени во времето и секој ден ви е ист. Ви недостига животна радост бидејќи потиснувате многу важен дел од себе – својата креативност, желба за самоистражување, страст за учење нови вештини.

Хоби или курс можат да ви помогнат да ја пополните таа празнина и да сфатите дека работата со која се занимавате и не е толку лоша. Дури и можеби ќе ги воочите и добрите страни на таа работа ако од време на време се отргнете од неа. И од компјутерот на пример, бидејќи нема ништо да се случи ако два часа не гледате статуси на фејсбук.

 

Предизвик кој ви дава самодоверба

Освен добрата страна која можете да ја искусите самите, истражувањата покажуваат дека личностите кои имаат хоби попозитивно размислуваат и полесно ги решаваат проблемите, самосвесни се и полни со самодоверба, подобро ги разбираат своите и туѓите чувства, помалку се жалат, постигнуваат подобри резултати на работа, оптимистични се. Поттикнувајќи го вашиот креативен потенцијал – бидејќи секогаш станува збор за некој предизвик- хобито ви дава чувство на смисол, па е разбирливо да се чувствувате подобро.

Во тој случај хобито може да поттикне и промена на професијата, бидејќи може да се случи да откриете дека во нешто сте навистина добри и тоа уште ве радува, што е одлична почетна точка за успешна работа. Но, и без тоа предностите на хобито се многубројни.

Кога на нешто се посветувате страстно, кога во тоа сте добри и ве исполнува, ни другите делови од вашиот живот нема да ви се чинат лоши. Затоа, не чекајте ја пензијата за да бидете задоволни од животот и да ја ослободите својата креативност.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.