Дали понекогаш чувствувате дека имате премногу обврски но немате доволно време за лични задоволства? Ако е така, не сте сами. Денес секој човек има големи одговорности, се грижи за семејството, работата, домот и сето тоа влијае на неговото расположение, односно често се чувствува изморено и во недостиг на слободно време. За да можете да бидете среќни во својот живот треба да се научите како да постигате баланс.

Што е баланс?

Баланс значи да се научите како да ги менаџирате своите различни улоги, активности и одговорности на начин кој ќе резултира со хармонија помеѓу приватниот и професионалниот живот. Тоа значи дека сите ние треба да се грижиме за себе. Секој има потреба од приватно време кое ќе го искористи за да прави нешто кое му прави задоволство и го релаксира. За некого е тоа спортување, за друг уредување на градината или некоја друга активност. Сите луѓе кои си земаат вакви слободни мигови да уживаат во омилените активности помалку се под стрес и живеат во мир и хармонија, и се поефикасни во приватниот и професионалниот живот.

Како да се постигне баланс?

Никогаш не можете да постигнете се‘ ! Секој кој мисли поинаку се лаже. Затоа треба да се фокусирате на најважните нешта. Постигнувањето баланс и хармонија се одвива во три чекори:

1. Одредете што ви е најважно

Прво решете се кои нешта ви се најважни. Земете доволно време и размислете кои ви се приоритетите. Направете листа и бидете детални. Тоа можат да бидат материјални нешта како нова куќа или автомобил, или нематеријални нешта како среќно семејство.

2. Одредете приоритети

Проверете ја листата на важни нешта. Кои се оние кои се најкритичните? Ставете ѕвездичка до оние кои сметате дека се најважни, а следниот чекор е да одредите кои пет ви се во топ приоритети.

3. Одредете како ќе го трошите своето време

Еднаш кога ќе решите што ви е најважно треба да решите како ќе го трошите своето време базирано на тоа кои ви се приоритетите. Повеќето луѓе забораваат на своите приоритети кога во текот на неделата имаат различни активности. Погледнете го својот календар со активности или распоред од минатите недели. Како го трошевте своето време? Погледнете на листата од пет најважни приоритети. Дали овие две нешта се надополнуваат? Повеќето луѓе ќе одговорат „не“. Ако е тоа случај и со вас треба да направите промена. Некогаш тоа значи да им кажете „не“ на другите активности. Ако дозволите помалку важните нешта да ви стојат на патот, тогаш не ги цените своите приоритети.

Како можете да ги поврзете своите приоритети и активностите на кои го трошите времето? Каде ви е потребно повеќе време? А за кои активности треба да потрошите помалку време? Сами поставете си цел. Можеби ќе сакате да поминете два часа во викендот само за себе – да правите само она што вие го сакате. Следете го својот прогрес и грижете се да го користите времето правилно за исполнување на своите приоритети. Така ќе постигнете мир, хармонија и баланс во својот живот.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.