Денес, 3 декември во светот но и кај нас се одбележува Меѓународениот ден на лица со инвалидитет, чија точна бројка во Македонија се уште не се знае. Секојдневната борба за подобрување на квалитетот на живеење, за поголема мобилност и вклученост во општествениот живот, укажува на нивната потреба од поддршка од институциите но и од центрите за здравство.

Со цел да излезе во пресрет на потребите на овие лица, да го задржат своето достоинство, да ги добијат своите права и благосостојба, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје, го прогласува месец декември за месец без партиципација. Со оваа акција, сите членови на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија или некое друго здружение на лица со телесен инвалидитет, во просториите на „Славеј“ ќе бидат опслужени со еден дел од големиот дијапазон на ортопедски помагала, кои што се и ќе бидат единствено решение за оваа категорија на лица.

Искрено се надеваме дека со нашата акција која трае од 2-ри до 31-ви декември оваа година, ќе им оствариме можност и олеснување на телесно инвалидизираните лица активно да се вклучат во општеството. Во пресрет на оваа акција ги ослободуваме од партиципација и сите лица кои користат високоперформантни анатомски пелени. Целта е да ја подигнеме свеста во јавноста за постоењето на овие лица и да им овозможиме полесен и квалитетен живот, затоа што тие не се само семејна грижа, туку и општествена – изјавуваат од „Славеј“.

Брзото темпо на живеење и невнимателноста се само дел од причините за секојдневно зголемување на бројката на инвалидизирани лица во светот. Благодарение на Центарот за ортотика и протетика Славеј а.д. Скопје, овие лица во нашата Република можат да продолжат со секојдневните активностии без да се почувствуваат дискриминирани.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.