Иако изгледа лесно да се биде во среќна врска, тоа некогаш знае да биде многу комплицирано. Едноставно како луѓето да имаат потреба и оние нај прости нешта да ги искомплицираат. Еве некои основни правила кои ќе ви помогнат да ја одржите врската стабилна и во вистинска насока.

1. Успешната врска бара работа – не се случува само по себе да имате квалитетна врска. Дури кога со партнерот ќе се почувствувате доволно слободни и сигурни да ги споделите сите мисли и чувства кои ви се во главата и срцето, може да се каже дека сте на вистинскиот пат.

2. Можете да се смените само себеси, не и партнерот – ако некого го сакате и мислите дека по некое време тој или таа ќе се смени само од љубов кон вас, размислете повторно. Ако сакате промени, искажете ги гласно, за да знае партнерот кои се вашите потреби.

3. Сите кавги настануваат од нашите стравови – кога нештата ќе тргнат во погрешна насока, размислете и проверете што се случува со вас, наместо да одите и да му се налутите на партнерот без причина. Вистината е дека најчесто ни самите не сме свесни која е вистинската причина поради која сме нервозни и расположени за расправија.

4. Сфатете дека мажите и жените се многу различни – не сме од Марс или Венера, дури не сме ни од ист соларен систем. Разбирањето и почитувањето на разликите ќе го направи заедничкиот живот помирен, поинтересен и позабавен.

5. Покажете почит еден кон друг секој ден на различен начин – секое утро имате можност да ја направите врската подлабока, побогата и поинтересна, посветувајќи му внимание на партнерот. Да се биде почитуван и сакан од оној кој го сакате, го прави животот поубав.

6. Бесот е губење време – исто така бесот е убиец на врската, бидејќи ве прави егоистични и не дозволува да го видите доброто во врската. Ако сте лути на партнерот, дајте си време да се смирите, а потоа на мира разговарајте што се случува со вас.

7. Имајте редовни заеднички моменти – одете во продавница каде можете да пазарувате заедно, читајте книги за успешни врски барем еднаш годишно. Дури и ако мислите дека немате нови идеи, најдете мигови кога ќе бидете заедно и ќе разговарате за вашата врска и она кое се случува меѓу вас.

8. Најдете начин да станете и останете добри пријатели – иако за некого можеби ова звучи неромантично, сепак нема ништо поубаво да знаете дека можете во секое време да сметате на пријателска поддршка од оној со кој сте (биле) во врска.

9. Бидете одговорни за својата среќа – никој не може да ве направи среќни. Тоа е нешто кое морате самите да го постигнете. Ако мислите дека вашиот партнер е виновен за вашата (не)среќа, размислете повторно и побарајте што ви недостига за да се чувствувате среќни.

10. Дајте го она кое сакате да го добиете – нашите потреби се менуваат со тек на времето. Ако чувствувате дека партнерот ве разбира, покажете и вие за него разбирање. Ако сакате повеќе љубов, обидете се да дадете повеќе. Тоа е едноставно правило кое навистина функционира.

 

Не постои гаранција, но двојките кои ги практикуваат овие техники, подолго време се заедно и имаат поцврста врска за разлика од оние кои не се проактивни во нивната љубов.