Среќно се заврши потрагата по четиригодишното девојче Матеа, кое вчера околу пладне исчезна од пред зграда во скопската населба Аеродром. Мајката, Сања Шишковска, преку нејзиниот профил на „Фејсбук“ соопшти дека по неколкучасовната потрага, нејзината ќерка била пронајдена.

 

Нејзината мајка вчера на

социјалната мрежа фејсбук објави:

Мајката не даде објаснување како и каде е пронајдена Матеа и откако им заблагодари на сите кои ја поддржале и помогнале во тие тешки мигови апелираше до граѓаните да си ги чуваат деца:

„Апелирам до сите пријатели, чувајте си ги децата убаво. Пред очи се случува да ни ги снема. Колку и да мислите дека се самостојни, воспитани, паметни и умеат да се грижат за себе, манијаци има насекаде околу нас. Мојата ќерка е дел од тој момент и за моја среќа на денешниот празник моите молитви ми помогнаа да се спаси мојата ќерка и жива да ми ја вратат.„

Од Министерството за внатрешни работи ни потврдија дека добиле пријава за исчезнато девојче, како и дека бил ангажиран тим за нејзино пронаоѓање. Сепак, по неколку часа, родителите пријавиле дека исчезната Матеа била пронајдена.