Иако можеби никогаш нема да ви појде од рака со леснотија и на време да ги завршите сите свои секојдневни обврски и задачи, успешното завршување, дури и на една од тие работи, може да ви биде навистина голем поттик за понатаму.

Според психолозите и малиот успех секогаш создава победничко чувство. Започнете со малите нешта и се разбира секогаш завршувајте ги. Тоа ќе ве мотивира да се зафатите со поголемите и посложени обврски. Во прилог следи листа на мали работи кои можат да се завршат за пет, петнаесет или триесет минути, без некој дополнителен напор. Доволно е да реализирате само една работа и веднаш задоволно да забележите како расположението расте.

 

1. Кога имате пет минути

- Договорите преглед кај својот доктор кој со месеци го одложувате

- Средете си ги ноктите

- Направите ред во потсетниците и сметките кои ги носите во чантата

- Направете нешто за своето тело, на пример една пилатес вежба: Легнете на грб, подигнете ги нозете под агол од 45 степени од подот, истовремено подигнете ја главата и вратот под истиот агол. Задржувајќи се така, испружете ги рацете до телото, со дланките свртени кон доле. Подигнете ги и спуштете ги рацете 100 пати (вдишете и издишете после секое петто кревање на рацете)

- Изедете јаболко

- Ставете дополнителна ролна тоалет хартија во бањата и заменете ги пешкирите со нови

- Убаво наместете го креветот, покријте го и наредете украсни перничиња

- Исполирајте ги своите омилени обувки со крема за детска кожа

- Избришете прашина од телевизорот или компјутерот, т.е од површините каде прашината најбрзо се собира

- Средете си ги веѓите

- Избришете го огледалото, насмејте се на својот одраз и гласно изговорете: „Догледање убавице!„

 

2. Кога имате петнаесет минути

- Исчистете ја работната маса во кујната и внимателно прередете ги зачините и другите продукти, или направете ред на местото каде што чувате весници

- Направете нешто за убавината: ставете си хранлива маска на лицето

- Испразнете ги сите корпи во домот и изнесете го сметот

- Исчистете ги мијалникот и кадата

- Испеглајте си ги своите омилени панталони и блуза

- Проверете кога треба да се платат сметките и останатите месечни трошоци и пресметајте колку тоа би чинело

- Погрижете се за телото: клекнете 15 пати или направите 10 склекови или 10 стомачни. После тоа пополека направете неколку вежби за истегнување и веднаш ќе се чувствувате подобро.

 

3.Кога имате триесет минути

- Јавете и се на пријателката која не сте ја слушнале со месеци и поради тоа веќе чувствувате грижа на совест

- Просурфајте на интересни туристички страници, добивајќи идеја за следното летување и навремено информирање за цените, условите.

- Испланирајте вечера со својот партнер или испланирајте да повикате гости. Размислете за менито, и тука може да ви помогне интернетот. Проверете кои продукти ви недостасуваат

- Прочитајте една глава на некоја добра книга која долго време планирате да ја читате

- Размислете кој од вашите блиски има овој месец роденден, купете честитки и размислете што на кого би можеле да купите

- Исклучете го својот мобилен телефон, не му се доближувајте на вашиот компјутер и медитирајте во мир и тишина добри половина час

- Напишете писмо (да, со рака) на стар пријател кој живее далеку од вас

- Дозволете си домашен педикир: направете купка за нозете, исечете си ги ноктите, отстранете ја тврдата кожа и убаво измасирајте си ги стопалата

- Направете ред помеѓу семејните фотографии во албумите или на вашиот компјутер. Заменете ги старите фотографии во рамките со нови.

Најново на форумот