,,Во два чекора за поубави нозе” е едукативната кампања на светскиот бренд Доктор Тајс за превенција од проширени вени и капилари кои како се почест проблем се појавуваат кај младите девојки и повозрасните.

Кампањата стартува ова лето во Охрид, и ќе бидат опфатени лица кои се соочуваат со овој естетски проблем.

 

Топлото време, долгото стоење, тесните обувки, се честа причина за појава на отоци. Мрежата од проширени површински капилари не е заболување туку пред се‘ е проблем од естетска природа и се почесто се јавува во лето кај жените, но во последно време и кај мажите.

„Проширените површински капилари обично се појавуваат паралелно на двете нозе, а особено се изразени во пределот на бедрата и листовите кај жените. Причината за нивно појавување е слабост на ѕидовите на вените, на пример, при преоптоварување на нозете поради долго седење, прекумерна тежина, како и сите болести поврзани со преоптоварување на зглобовите “ - изјави доктор Христина Лескароска.

Доктор Тајс со летната кампања за превенција има за цел да ги едуцира луѓето кои се соочуваат со проблемот на проширени вени и капилари за употреба на хербалните препарати за третман на површинските и длабински варикозни вени да ги користат.

Микро-Венен балсамот и спрејот на Доктор Тајс се идеална комбинација за ова лето за сите оние кои се соочуваат со овој проблем. Овој фармацевтски производ е направен според строго селектирани природни состојки на Dr. Peter Theiss кои се карактеризираат со врвен квалитет признаен низ целиот свет.

„Брендовите на Доктор Тајс се едни од најбараните и најреномираните производи во аптеките ширум светот. Нивната 30 годишна традиција и врвен квалитет ги прави да бидат лидери на пазарот за произведување на светски препарати од природни состојки. Микро Венен е одличен производ за сите кои сакаат да се чувствуваат удобно во летните периоди и убаво да изгледаат. Летната кампања стартува во Охрид, а потоа продолжуваме со голем број едукативни активности и низ другите градови” – изјави Александар Донев, менаџерот на Натусана генералниот дистрибутер на Dr. Theiss во Македонија.

ПР текст

Најново на форумот

  • No posts to display.