Аеробикот во вода сè повеќе е популарен, бидејќи има многу предности во однос на другите активности. За него потребни ви се костим за капење, влечки, пешкир и малку енергија. Денес жените кога се под голем стрес, водата е вистинско решение и терапија за опуштање. Водата психолошки го растеретува организмот, и она што им е најважно на припадничките на понежниот пол е дека има и естетско влијание, бидејќи со вежбањето се добива витка линија. Еден час тренинг трае 60 минути, а пред вежбањето е препоачува посета на сауна за исфрлање на токсините од организмот. Секој тренинг е различен, особено кореографијата и музичко – сценската приказна. Аквабикот е добар за децата во развој, неопходен им е на младите девојки поради естетскиот фактор, како и на средовечните жени, за да се одморат и на корисен начин да се ослободат од стресот.

 

Вежби за добри нозе

Ако сакате да се ослободите од масните наслаги на бутините, барем 20 минути трчајте во вода во насока напред-назад. Потоа направете неколку скокови со собрани и раширени нозе, кој се добри за бутовите. Покрај ова се вклучува и „веслање“ со рацете.

Вежби за рамен стомак

Со грб свртете се и фатете се за работ од базенот. Рбетниот столб нека ви биде залепен за ѕидот од базенот и 20 пати со прави нозе правете ножички. Ако сакате убава половина, сето ова повторете го со вртење на нозете лево и десно.

Борба со целулитот

Свртете се со лицето кон работ на базенот, лесно потпрете се со рацете и наизменично движете ја ногата на страна. Во таа положба лесно свиткајте ги колената, стапалата да се малку на страна и со една третина од предниот дел правете брзи движења.

Основниот извор на енергија за вежбање во вода се мастите, а во тек на тренингот реагира целокупната мускулатура.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.