Американските психолози тврда дека помнењето едноставно може да се подобри со стискањето на дланките: „Држењето тупаница со десната рака во траење од 90 секунди, ги активира посебните зони во мозокот и помага во формирањето меморија“.

Веста за необичното откритие од американските научници го обиколи светот. Имено психолозите од државниот универзитет Монтклер во Њу Џерси, објавија дека помнењето може да се подобри со стискањето на дланките. Стиснатата десна дланка 90 секунди, како што кажуваат помага во создавањето меморија, а истиот потег со левата рака помага во нејзиното „активирање“.

Испитувањето е спроведено на 50 возрасни личности, кои многу подобро ги помнеле зборовите од долгата листа поими кога при тоа им била стисната дланката.

Научникот Рут Пропер вели дека стискањето дланки ги активира посебните зони во мозокот, кои се поврзнаи со процесуирање на помнењето. Поранешните истражувања покажаа дека стискањето на десната дланка ја активира левата зона од мозокот, а левата дланка десната зона. Во процесот на помнење се користат двете мозочни зони, левата за подобрување на информациите а десната за нејзино активирање.