Родена во Африка од француски фотографи на дивиот свет, Типи Дегре, имала многу необично детство. Малечкото девојче израснало во африканската пустина и имало развиено посебна врска со многу диви животни, вклучувајќи го 28 годишниот африкански слон наречен Абу, леопардот по име Џеј Би, лавчиња, жирафи, ној, мунгос, крокодили, бебе зебра, чита, гигантски жаби, дури и змија. Африка беше нејзиниот дом долги години, па Типи лесно се спријателила со дивите животни во Намибија.

- Овде немам пријатели, и други деца со кои можам да се дружам. Животните ми се најдобрите другари – изјавуваше таа како малечка.

Родителите Ален Дегре и Силви Робер, го документираа животот на Типи и нејзината врска со африканскиот див свет, трансформирајќи ги тие моменти во прекрасна книга и филм. „Типи од Африка“ книгата беше издадена во 1998 година и ја раскажува нејзината и приказната на родителите, како и врската која ја има таа со дивите животни.

- Животните се навикнаа на неа и ја прифатија многу лесно. Таа веруваше дека тие се нејзините пријатели и се големи колку неа, па ја користеше својата имагинација да живее во тие поинакви услови – велеше мајка и‘.

Гледајќи во минатото, покрај некои очигледни и очекувани родителски грижи, Типи имала прекрасно и неверојатно детство. Ретко кој од нас може да се пофали дека живеел вистински авантуристички живот каде јавал слонови, се гушкал со лавчиња или имал змија за најдобар другар.

Во галеријата можете да погледнете некои моменти од животот на Типи во Африка.{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2013/04/devojce{/AG}

 

Најново на форумот

  • No posts to display.