Ова можеби не е новост за родителите кои имаат возено додека го слушаат плачењето на своето дете. Да се има мал патник во автомобилот, ги зголемува шансите да доживеете сообраќајна незгода.

Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј, откриле дека зголемувањето на ризикот од сообраќајка е до 60%.

За да ги намалите шансите додека се возите во кола со детето, имајте ги на ум следните важни нешта:

1. Подгответе сè пред да тргнете на пат – обидете се да предвидите кои потреби на детето ќе треба да бидат задоволени во тек на патувањето и за сè погрижете се пред да тргнете. Тоа ќе го минимизира бројот на потребите да го делите своето внимание меѓу возењето и детето. Научниците од универзитетот во Сиднеј откриле дека една третина од возачите кои се повредени во тек на незгодите зборувале или на друг начин им било одвлечќено вниманието од патниците непосредно пред незгодата.

2. Имајте сè на дофат – сето она кое ќе ви биде потребно за детето, во тек на патувањето, нека ви биде лесно на дофат, за да можете лесно да му помогнете на детето.

3. Направете план за патувањето – ако вие сте единствената возраасна личност која ќе патува со детето, размислете добро за текот на патувањето, одморот и времето. Проценете дали е подобро да патувате по помалите споредни патишта каде ќе можете во секој миг да застанете лесно и да му помогнете на детето, ако има некоја потреба или по бучните патишта исполнети со сообраќаен метеж, при што само најважно е да стигнете до конечната дестинација на време.

4. Носете резервна кутија со средства за детето – во тек на патувањето може да се случат многу работи – од затворање на патот, до сообраќајни незгоди и др. Морате да го имате во предвид тоа секогаш и да носите со себе екстра облека, пелени, храна, играчки и др., нешта кои ќе ви помогнат да го смирите детето во различни ситуации. Ако детето моментално е под некаква лекарска терапија, треба да ја носите со себе. Така нема да морате да брзате и да се нервирате дека нема да стигнете на време за следниот оброк или земањето терапија, што ќе значи брзо и невнимателно возење. Наместо тоа опуштено ќе чекате да се среди хаосот и безбедно да стигнете дома.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.