Бананите освен што се вкусни за јадење имаат и уште една добра страна. Нивните остатоци можат да се користат на различни начини и да ви помогнат во разни ситуации.

На пример дали знаевте дека лушпите од банани се совршени за компост. Едноставно ставете ги во купчето суви лисја и земја во дворот и ќе добиете совршено природно ѓубриво. Еве уште неколку начини за искористување на остатоците од банани.

 

1. Ако ве каснат црвени огнени мравки, протријте ја кожата со внатрешноста од лушпата. Тоа ќе го намали чешањето и воспалението. Ова исто така функционира и при каснувања од комарци.

2. Ако ви останат неискористени банани и веќе не се за јадење, ставете ги директно во местото за компост или исечкајте ги на парчиња, па измешајте ги во земјата. Бананите се одлични за растенијата бидејќи содржат многу калциум и фосфор.

3. Старите кафени кожени чевли за да ви бидат чисти и светнати истријте ги со внатрешната страна од лушпата. Истото важи и за чевли кои не се изработени од кожа.

4. Калциумот од лушпите од бананите може да излекува брадавици (кожни израстоци) во рок од две недели.

5. Правењето гаргара со солена вода и потоа триењето на забите со лушпа од банана, во тек од две недели забележително ќе ги обели забаите.

6. Ако паднете и си ја изгребете кожата на лактите или колената, за да се намали болката ќе помогне маслото од лушпата.

7. Природен регенератор за коса е микс од банана, мед и слатка павлака. Тоа ќе го врати сјајот на оштетената и сува коса.

8. Ако ви влезе парченце дрво под кожата, завиткајте парче лушпа од банана на местото. Ензимите од лушпата ќе помогнат да излезе дрвцето и да зарасне раната.

Најново на форумот

  • No posts to display.