Роман кој ќе ги разбуди вашите чувства, ќе ве замисли, ќе ве возбуди, ќе ве растажи, ќе ве разнежни...

„Понекогаш доаѓа среќа“ е приказна за младата Гора која ќе се впушти во љубовна врска со зрелиот човек Давид. Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра, а Давид по разводот од неговата сопруга, опсесивно се врзува за своето синче. Насловот на книгата навестува среќен крај, но до него треба да се стаса низ многу пречки, болни и интимни соочувања и преиспитувања и низ созревање на ликовите.

„Од словесниот разбој на раскажувачот Винка Саздова, пред нас е третиот роман, третата емоционална арабеска, од која избликнуваат боите, мирисите, воздишките и солзите на едно сурово и докрај искрено соочување со противречностите што пред нас ги исправа нашата неповторлива човечност. Со веќе препознатливото мајсторство на раслојување и преплетување на нарацијата, односно наративните нишки, авторот слично на мудрата Аријадна ни го подава в раце само крајчето од багрениот (т.е. пурпурниот, крвавиот, егзистенцијалниот, саможртвениот) конец на приказната, кој ќе ни биде единствениот патеводител низ лавиринтот (или пустината) на една вртоглаво драматична себезагубеност“. - Отец Методиј Златанов.

Книгата ќе биде достапна веќе од среда, 3 април од 12 часот во книжарницата „ТРИ“ во ГТЦ по промотивна цена, а најбрзите педесет читатели ќе добијат примерок со уникатна посвета од авторката.

Официјалната промоција на книгата е закажана за среда, 3 април, во 19 часот во „Ил кафе ди Рома“ на ул. Македонија. {AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2013/04/roman{/AG}

 

 

 

 

 

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.