Пред некое време, кога бев на фризер, гледам на ѕидот лист хартија и на него напишан текст

 

 

„Не е лесно да се биде жена,

треба да работиш како коњ,

да изгледаш како девојка,

да размислуваш како маж и

да се однесуваш како дама„

 

Чекајќи го својот ред, почнав да размислувам за ова, т.е „Дали навистина е тешко да се биде жена?„. Да одиме со ред....

 

1. Да работиш како коњ

Секое утро станувате во шест часот, а веќе во седум треба да сте подготвени за одење на работа. Тоа подразбира:

- лично подготвување - туширање, шминкање, средување на фризурата и сл.

- потоа ги подготвувате деца за на училиште и секако појадок за нив (освен се разбира ако се мали, па одат во градинка)

За тоа време, вашиот сопруг мрзеливо се извлекува од креветот и за 5 минути е подготвен, седнува да го испие првото утринско кафе, а тоа трае добри 30 минути.

Кога успеавте да се пробиете низ сообраќајниот метеж и да стигнете на работа, ве очекуваат милион обврски (секако во зависност од работното место).

Но овде не завршува работниот ден.

Дома ве чека семејството за ручек, па следува миење чинии, чистење....и само што помисливте дека имате барем 5 минути да одморите....

...се најавија гости

...ве повика или ви дојде на кафе соседката

...или неко од децата чека помош со домашните задачи, да поиграте со него или да го слушате и советувате (зависно од возраста)....

Така додека не ги заврпите сите обврски и веќе поминала полноќ, а вие сте сеуште будни....само додека го подготвите ручекот за утре!

А вашиот сопруг?

Па кога ќе дојде дома, руча и бидејќи е „многу„ изморен„ легнува да одмори - само до првиот ТВ дневник во 20 часот.

2. Да изгледате како девојка

Тоа подразбира - депилација, маникир, педикир, фризура и секако најважното - витка линија. Добро не велам дека сето ова е тешко (освен она со депилацијата), но за сето ова треба да најдете време во онаа збрка, која ја споменав претходно.

Доколку имате проблем со килограмите- тоа подразбира гладување. И додека вие се обидувате да го постигнете тоа, вашиот сопруг дури ќе биде горделив, ако добие некој килограм повеќе. Секако, вие ќе бидете виновни за тоа, па дури ќе го чуете како им вели на пријателите:

- Знаете, бидејќи жена ми е на диета, а готви многу убаво, јас не можам да одолеам.

3. Да размислувате како маж

Ова значи:

- конечно да сфатите дека фудбалот е најважната споредна работа на светот

- да почнете сами да се грижите за сите ситни поправки низ домот и околу него, а не да викате мајстор за секоја ситница

- да знаете сами да смените гума на автомобилот

- да не озборувате со пријателките

- да не плачете на секоја ТВ драма...

Едноставно во секоја ситуација да останете прибрани и смирени. И да сфатите еднаш засекогаш ЉУБОВ = СЕКС.

4. Да се однесувате како дама

Никогаш не смее да ви се случи да запалите цигара на јавно место или не дај боже да се опиете. Секогаш да сте дотерани, скоцкани, уредни, организирани. Никогаш никој не смее никој да ве види како се шетате во пењоар, со витлери на глава и маска на лице.

Сето ова звучи исцрпувачки и напорно. Всушност од вас се очекува 24 часа Вие и се околу вас да биде тип-топ....Некако како да е точна онаа изрека.

 

Но....каде се тука женската снаодливост и итрина, кои знаат да бидат од голема помош во сите ситуации?

 

- Научете ги децата кога ќе станат, сами да ги средат своите кревети и да се подготват за на училиште. Ако се мали, побарајте помош од некоја блиска личност, пред се од сопругот. Нема ништо лошо во тоа да стане и тој малку порани и да ви помогне во утринските подготовки. Или барем може да го направи кафето за вас двајцата.

- На работа завршете ги само оние најважни и итни обврски, а ако можете поделете ја работата со колешките (секако сето ова зависи од работата со која се занимавате)

- Кога ќе дојдете дома, не морате секој ден да готвите ручек. Искористете нешто ако останало од претходниот ден и видете што можете да искомбинирате со она кое го имате во фрижидерот. По ручекот, сигурно нема да помине инспекција да види дали ви е во ред кујната. Исклучете го телефонот, легнете да се одморите барем половина час. Што се однесува до останатите работи - пеглање, перење и слично, направете план и секој ден завршувајте по некоја обврска.

- За својот изглед сигурно се грижите со задоволство. Но наместо да го правите тоа дома сами, каде на пет минути ве прекинуваат, одите во некој салон за убавина. Изберете за себе барем 2-3 дена месечно, кога ќе можете комплетно да се препуштите на уживањето и релаксацијата.

- Секако најдете време за средба со пријателките, кога малку повеќе ќе се опуштите, како кога бевте тинејџерки. Дома, без шминка, во тренерки, со малку вино, лесна храна, свежи трачеви, некој добар романтичен филм....Никој нема да ве види и да каже дека не сте дами.

- Секако, време за својот сакан, секогаш имате, кое сигурна сум имате идеи како да го искористите.

И....

....не размислувајте како маж! Оти ако почнеме да се однесуваме и размислуваме како нив, тогаш - Зошто воопшто ни се потребни мажите во животот?Wink