Дали знаете дека триесеттите се новите дваесетти, а дека четириесеттите се нови триесетти? Ако се приближувате до четириесеттата година од животот, немојте да се плашите, туку направете ги нештата кои досега ги немате напрaвено.

Некои луѓе се целосно посветени на својата работа и забораваат на ситните радости и лудости кои впрочем го прават животот. За да не го доживеете и вие тоа, прочитајте кои нешта треба да ги направи секоја жена пед да наполни 40 години. Ова се неколку предлози, а можеби и вие имате поинтересни идеи.

1. Напишете книга или приказна.

2. Престанете да се чувствувате виновни за се‘.

3. Сменете му пелена на бебе, иако немате свое.

4. Дозволете си краткотрајна афера со неодолив тио, а потоа оставете го.

5. Простете си себеси и на другите.

6. Направете стој на раце. Обидувајте се додека не успеете, барем и со помош на другите.

7. Вљубете се во маж кој е вреден за вашата љубов, а пред тоа заљубете се самата во себе.

8. Не бегајте од љубовта, дозволете да ви го скршат срцето. Лечењето на раните носи мудрост.

9. Посетете го Париз.

10. Купете автомобил.

11. Почестете се барем еднаш со неверојатно скапа долна облека.

12. Купете секси играчка.

13. Научете да јавате коњ и уживајте во чувството на слобода.

14. Пробајте анален секс

15. Престанете да се прашувате дали сте феминистка или не. Тоа и онака не е важно.

16. Имајте дете. Родете или посвојте го.

17. Започнете да пишувате блог.

18. Дозволете си една брзо и диво возење на автопатот. Само вие и автомобилот.

19. Истражете ја сопствената духовност и проучете ги религиите.

20. Дајте се од себе за другите, дури и ако тоа некогаш ќе ве повреди.

21. Вложете во сопственото образование. Читајте, учете и развивајте се.

22. Исфрлете ги од животот „пријателите„ кои ве исцрпуваат и прават тажна

23. Направете нешто од кое се плашите. Направете го и покрај стравот.

24. Прифатете го фактот дека стареете и дека гравитацијата го прави своето.

25. Купете си парче накит. Сама за себе.

26. Отидете во шума и дерете се колку што ве држи глас.

27. Дајте отказ на работното место кое не го сакате.

28. Најдете работа во која ќе уживате.

29. Омажете се.

30. Разведете се.

31. Патувајте сами.

32. Посетете барем еден континент на кој досега не сте биле.

33. Средете ги конечно своите финансии.

34. Откажете се од тангите.

35. Купете си конечно квалитетен градник, без разлика колку е скап.

36. Борете се секој ден за квалитет во својот живот.

37. Дозволете си себеси еден welness викенд.

38. На блиското семејство кажете му се што чувствувате и што им замерувате.

39. Набавете си MP3 плеер, ставете ги слушалките во уши, трчајте и уживајте во омилената музика.

40. Напијте се до пријателките во клуб каде сите се помлади од вас.