Им припаѓате на оние кои „вежбаат“ постојано но само во мислите, а никако да тргнете во акција. Изговори, како замор, мрзеливост, нов филм на телевизија, кафе на сончева тераса во кафуле, повеќе не ви се оправдување.

Време е да се погрижите за вашето здравје, и ако уште знаете дека со вежбањето може да ви се зголеми самодовербата, енергијата, ќе спиете подобро, дури и ќе имате подобар секс, тогаш што чекате?

Еве некои одлични причини кои треба да ве мотивираат да започнете со вежби:

Добро влијае на спиењето

Бројни студии покажале дека луѓето кои вежбаат имаат подобар сон и полесно заспиваат. Само 30 до 40 минути вежбање дневно може да помогне да се избегнат несоницата и немирното вртење во кревет. Вежбајте најмалку три часа пред спиење, или по можност во утринските часови, така ќе му овозможите на телото да се релаксира и температурата на телото да се намали, што обично се случува пред спиење.

Ја зајакнува самодовербата

Вежбањето ќе направи да се чувствувате подобро, ќе имате повеќе самодоверба. Низ вежбањето се развиваат позитивните чувства кон своето тело, тогаш се чувствувате посреќни и позадоволни. Покрај тоа, со брзо одење, возење велосипед или друг интензивен тренинг телото ослободува ендорфини кои прават да се чувствувате среќни.

Ви дава енергија

Редовното вежбање е од суштинско значење за одржување на оптималната енергија. Всушност, ако сте активни, се зголемува циркулацијата, која носи повеќе кислород и хранливи материи во клетките, кои потоа работат поефикасно и подобро. Енергијата ќе ви се зголеми со аеробик и со возење велосипед, па таквото вежбање е добро да се практикува во утринските часови , а никогаш не доцна навечер.

Го подобрува сексуалниот живот

Добар сексуален живот можете да имате ако вашиот кардиоваскуларен систем функционира добро. Покрај тоа, вежбите ја стимулираат циркулацијата на крвта во сите делови на телото, вклучувајќи ги и оние од суштинско значење за сексуалната возбуда. Во секој случај, по вежбањето ќе се чувствувате подобро и ќе бидете расположени за секс.

Го спасува животот

Луѓето кои не вежбаат доволно, годишно поминуваат десет проценти повеќе на лекар. Ако се со прекумерна тежина, со тоа, трошат дополнителни осум проценти на посети на доктор. Покрај тоа, седечкиот начин на живот ја поттикнува акумулацијата на вишокот килограми, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

За нови пријателства

Со одењето на вежби, ќе запознаете нови луѓе и ќе стекнете нови пријатели кои делат исти интереси како и вие.

За помалку стрес

Додека вежбате, не мислите на проблемите, и физичка активност ви овозможува да ја исфрлите од себе напнатоста.

За повеќе забава. Физичка активност е забавна.

Уште ова

Вежбајте за да:

- фатите секси момче или можеби тренерот,

- изгледате одлично во бикини,

- влезете во старите фармерки

- можете да потрчате, без веднаш да го изгубите здивот,

- го успорите стареењето.

Најново на форумот

  • No posts to display.