Кога ќе станете родители, приоритетите во животот ви се менуваат комплетно. Она кое порано ви беше многу важно, станува неважно, а исто како мајките, така и татковците соочени со новата улога го менуваат својот живот. И кај нив се менуваат приоритетите во животот.

 

 

Спиење

Ако порано им требаше осум, до десет часа квалитетен сон, кога ќе дојде бебето, татковците се задоволни и со само шест врзани часа спиење. Секако, кога ќе заспие бебето, не легнуваат веднаш, бидејќи сакаат да го сочуваат чувството дека имаат живот и надвор од родителската улога. Тој час или два мир, ќе го посветат на читање нови вести, сурфање на интернет или гледање телевизија.

 

Гледање филмови

Уживањето во фотеља гледајќи ги новите филмски хитови, бара минимум час два целосно внимание, а слободното време, кога имате бебе има сосема ново значење. Филмовите во новиот економичен распоред на време, немаат баш голема вредност.

 

Време за оброк

Кога ќе јадете, е многу помалку важно кога ќе добиете дете. Распоредот на хранење и оброци е организиран според потребите на детето, а родителите обично успеваат во мир да јадат, дури кога ќе заспие детето. Татковците, исто како и мајките, јадат кога ќе стигнат, а не кога се гладни.

 

Да се стигне на време

Можеби спаѓале во групата мажи кои секогаш доаѓаат на време, но кога ќе станат татковци, сакале или не, и таа добра навика исчезнува. Двојките тогаш се држат до паролата – подобро да се стигне подоцна, отколку никогаш. Ова би требало да го сфатат и сите други.

 

Планови за викенд

Ако порано знаеле целиот викенд да го испланираат за машки дружби со одење на натпревари, во кино со саканата, викенд-плановите кога ќе станат татковци, веќе не постојат. Можеби само оние кога да се отиде на пазар по свежи продукти, пазарење во маркет за цела недела и дружба со семејството. За тоа дали ќе биде еден релаксиран викенд и полнење батерии или нешто слично на цел ден на работа, проценете сами.

 

Контрола над својот живот

Пред да се роди детето, повеќето луѓе обично веруваат дека имаат контрола над својот живот. Откако ќе се роди бебето, контролата на животот се сведува на контролата на своето дете. Ако успеете да го преживеете денот без да скрши нешто, да не го изгризе телефонскиот кабел кој се гледа зад полицата, на крајот од денот ќе бидете горди, бидејќи се поминало релативно добро.

 

Најново на форумот