Ако некогаш сте биле напнати пред интервју за работа, состанок, испит, тогаш имате добра претстава за тоа што е анксиозност. Вообичаени компоненти на анксиозноста се: забрзан срцев ритам, забрзано дишење, сува уста, чувство на страв.

Кратки епизоди на блага анксиозност се нормален дел од животот, но ако анксизоноста е долготрајна, интензивна и го попречува секојдневното функционирање на личноста веќе станува збор за анксизно растројство.

Видови на анксиозни растројства

Според најновите дијагностички класификации (МКБ -10) во групата на анксиозни растројства се вбројуваат: фобичните анксиозни растросјтва (агорафобија, социјална, специфична фобија..), панично растројство (епизодична пароксизмална анксизност), мешовито анксиозно и депресивно растројство, други мешовити спецфизирани и неспецифизирани анксиозни растројства.

Причини за анскиозни растројства

Етиоптаогенезата на анксиозните растројства е предмет на дебати, таа е мошне комплексна и хипотетична, но сепак има веродостојни показатели дека биолошкиот, психолошкиот и социјалниот фактор имаат свој придонес. Биолошките предиспозиции, дисторзиите во размислувањето и искуствата кои се стекнуваат низ процес на учење, се особено важни во генезата на анксиозното растројство.

Биолошки фактор – некои луѓе можеби се генетски предиспонирани кон анксиозни растројства. Истражувањата покажуваат дека ако едниот од идентични близнаци има анскиозно пореметување, тогаш и другиот близнак најверојатно го има, а тоа не е случај кај двојајчени близнаци, што е дополнителен показател на генетската предиспонираност. Предиспонираноста дава основа и можност за развој на анксиозни реакции на широк спектар на ситуации.

Занимлив индикатор за улогата на биолошкиот фактор даваат истражувањата во кои е докажано дека инјектиран лактат или кофеин, или вдишување на јаглероден диоксид предизвикува панична епизода и тоа само кај лица кои имаат панично анксиозно растројство. Бидејќи овие супстанции го стимулираат автономниот нервен систем, една хипотеза вели дека лицата кои страдаат од панично растројство имаат хиперсензитивни мозочни структурни механизми и се посебо подложни на реакции на страв.

Когнитивни фактори – иако билошките предиспозиции може да ги постават основите на анксиозното растројство, повеќето професионалци во доменот, се согласни дека стресовите на околината и психолошкиот фактор, вклучувајќи ги когнитивните процеси и учењето, се особено важни во процесот на развој и манифестација на анксизното растројство.

Во овој дел ќе се обидам подетално да го експлорирам проблемот на генерализирана анксизоност, останатите форми на анксиозни растројства ќе ги елаборираме во следните статии.

Генерализирано анксиозно растројство

Генерализираната анксизоност прв пат во психијатријата е објаснета од страна на Фројд уште во далечната 1984 год., во неговиот обид да ја опише разликата меѓу “неврастенијата“ и “анскиозните неврози“. Фројд сметал дека анксиозното исчекување претставува клучен симптом на “анксиозната невроза“. Како други најчести знаци на анксиозноста Фројд ги наведува: аритмија, потење, мачнина или чувство на тежина во желудникот, зачестено мокрење, пролив, вртоглавици, преосетливост, пад на сексуална желба, како и пад на самодоверба.

Дополнително, сметал дека анксиозните симптоми може да се манифестираат соматски или како слободно флуктуирачка анксиозност или загриженост или во форма на изненадни анксиозни напади, при што таа хронична загриженост може да доведе до соматски симптоми и до хронифицирање на состојбата.

Денес, генерализираната анксиозност се објаснува како интензивен, многу чест или траен, неодреден и со ништо видливо прдизвикан страв, во вид на загриженост, страшно исчекување, напнатост, чувство на блиска несреќа, замор, деконцентрација, иритабилност, мускулна напнатост и тешкотии во спиењето. Бидејќи тегобите се јавуваат речиси во секоја ситуација и лицето не може да укаже на изворот на овој тип на анксиозност, уште се нарекува и “анксиозност која слободно лебди“. Оваа анксиозност е пропратена и со вегетативни растројства и специфично однесување. Личноста тешко ја контролира и не може да се ослободи од неа. Се развива постепено, најчесто на возраст помеѓу 20 и 30 години, почеста е кај жени и според епидемиолошки истражувања едногодишната преваленца во САД изнесува од 3,4%, а животната преваленца изнесува околу 5% (значи во тек на живот генерализирана анксиозност пројавуваат околу 5% од популацијата).

Етиологија и патогенеза

Првично објаснување на етиологијата се среќава во Фројдовата психоаналитичка теорија, каде појавата на анксиозноста на свесен план е објаснета преку слабоста на Егото да се спротивстави на незадоволениот сексуален нагон, што се конвертира во анксиозност. Подоцна, Фројд го менува овој концепт воведувајќи ги интраперсоналните и интерперсоналните конфликти и истакнувајќи ја важноста на нивната интеракција и сигналната анксиозност.

Поконкретна е патофизиолошката биолошка теорија, на која е базирана фармакотерапијата, но ни таа сеуште не дава егзактно објаснување. Доминантна улога се препишува на GABA, норадренергичната и серотонергичната дисфункција.

Клиничка слика и тек на болест

Генерализираната анскиозност претставува сериозно растројство на целокупното функционирање на личноста, затоа што анксиозноста е интензивна до степен кој ја окупира целата личност и ја оневозможува нејзината ангажираност во други активноси, како физички, така и интелектуални и социјални. Бидејќи анксизоноста е доминантна во поголемиот дел од денот, личноста е најчесто на боледување, а ако не е на боледување, не е ефективна во изведувањето на своите работни задачи и најчесто не завршува ништо од своите обврски. Таа е во постојана напнатост, страв, плашливо исчекување, загриженост, со слаба концентрација, психички и физички заморена, раздразлива, чувствува немир, има проблеми со несоница. Генрализираната анксизоност доведува до долготрајно нарушување на функционалноста и на работа и во семејството, па и до пад социјалното функционирање дури и со најблиските.

Почетокот на растројствот најчесто е во адолесценцијата и доколку не се третира на време, има хроничен тек и доведува до траен дизабилитет. Лекувањето обично резултира со подобрување и повисоко ниво на функционалност, што од своја страна значително го унапредува квалитетот на живот.

Потребно е да се има во предвид дека генерализирана анксиозност може да се јави и кај деца и во ран адолесцентен период. Децата, најчесто, не се способни да ја опишат сопствената состојба и кај нив третманот на анксиозноста и стравот е особено важен, а најлесно се детекрира преку потешкотии во одржување на внимание, концентрација, помнење, неуспех во училиште. Кај децата, анксиозноста е долгорајна, скоро секојдневна и онеспособувачка. Генерализираната анксиозност кај децата се јавува многу ретко, но има и мислења, дека всушност е многу почеста, но ретко кога е препозната.

Слично и кај повозрасната популација, генерализиранта анксиозност релативно ретко се дијагностицира, затоа што често е во коморбидитет со депресивни растројства, што од своја страна претсавува висок суицидален ризичен фактор.

Терапија на генерализирана анксиозност

Како што е претходно споменато, етиологијата не е детално позната, но познат е дел од механизмот на настанување, пред се во однос на мозочните регии кои се поврзуваат со развојот на растројството и нарушувањата во дел од невротансмитерските системи, па овие сознанија се користат во дефинирање пред се на фармакотерапијата. Но, современиот терaписки пристап изискува комбинација на фармакотерапија со психотерапија. Дополнително, се вклучуваат и релаксациони техники и методи, кои обично доведуваат до ублажување на симптомите.

Денес, најчесто, третман на избор е комбинација од медикаментозна со когнитивно-бихејвиорална терапија.

Третмaнот на анксиозните растројства бара коалиција и тимска работа помеѓу психијатарот и личноста која ги има тегобите. Доколку еден третман не ги дава очекуваните резултати, тогаш се преминува на друг. Адекватен, комплетен третман вклучува и информирање, едукација и советување, со цел личноста да ја разбере сопствената емоционална состојба, дисфункционалноста на начинот на размислување и прифатените облици на однесување.