Иако светот  моментално се соочува со корона пандемијата, виртуелното патување е сосема безопасно. А се надеваме дека веќе на пролет ќе бидеме  “corona free“ и ќе можеме слободно да патуваме. Дотогаш, еве еден предлог за прекрасен одмор. 

Секогаш постои некое место кое чека да биде откриено и да ве воодушеви. Покраината Алзас на границата од Франција и Германија изгледа како од бајка. Крие бројни мали градчиња чии шарени куќички обоени секоја во друга ведра боја, со карактеристични греди на фасадите, цветни тераси и шилести покриви. Мештаните се трудат што поубаво да ги украсат терасите и да ги воодушеват посетителите. Од пролет до есен тоа се шарени цветни “водопади“ кои се спуштаат до земја, а за Божиќ и Нова година местото го прават како од соништа со многуте сијалички, украсени елки и дрвја. 

Културата и традицијата на двете држави овде се испреплетени, што ќе ви дозволи да уживате, само подгответе се со удобни обувки и фотоапарат.
Фрајбург е средновековно градче чие име значи “Слободен замок“, и важи за еден од најубавите, каде има најмногу сонце во тек на годината. Во Втората светска војна бил скоро целосно разорен, но вешто и прецизно обновен и подигнат од пепелот. Го краси старата катедрала Мунстер чија изградба почнала во романски, а завршена е во готски стил. Кулата висока 116 м бдее над целиот град. Единствено таа го преживеала бомбардирањето, што на црквените власти им било знак дека тоа е дело на божјата милост. Има 16 ѕвона од кои најголемото се огласува само два пати во тек на годината.


Фрајбуршкиот универзитет од 15 век кој го носи името Алберт Лудвиг, петта најстара институција од тој вид во Германија. Тука се школувале и предавале многу познати умови како социологот Макс Вебер и филозофите Мартин Хајдегер и Карл Џаспер. Важен е и по тоа што во 1900 година е прв универзитет во кој се запишувале жени, а денес брои 11 факултети на кои студираат над 20.000 студенти.

Најново на форумот

  • No posts to display.