Сликата на малиот Арчи кој е прв пат со родителите на официјално патување, го обиколи светот. Меган Маркл и принцот Хари веќе се во војна со медиумите, особено реагираа бурно за објавување фотографии од бебето. Па така крштевката на Арчи помина во голема тајност, а слики од детето објавуваа многу ретко и тоа избрани дискретни кадри.

 

Ештон Качер не можеше да ги задржи солзите додека сведочеше на судењето за убиство на неговата девојка Ешли Ајлерин, извршено од сервисерот за клими, Мајкл Гарџуло познат и како „Холивудскиот мевосек“. Тој исто така беше обвинет за уште едно убиство и еден обид за убиство извршени во периодот од 1993 до 2008 година.  

На шоуто во Лас Вегас пејачката доживеа многу непријатна и опасна ситуација. Имено таа во тек на настапот на сцената повика еден обожавател од публика, а тоа што следеше, не можеше ни да го замисли.

Откако пред некој ден популарната актерка го отвори Инстаграм профилот и ја постираше првата фотографија заедно со колегите од серијата „Пријатели“, направи вистински хаос и за за пет часа имаше над еден милион следбеници, со што го сруши рекордот кој претходно го поставија принцот Хари и Меган Маркл со нивниот заеднички профил на оваа социјална мрежа.

Холивудската актерка, Чарлиз Терон која наскоро ќе ја гледаме во новиот филм „Bombshell“, секогаш плени со својата убавина и јавноста е заинтересирана за детали од нејзиниот живот кој не секогаш ги открива. Но овој пат таа прозборе искрено за некои интимни детали.

 

Иако приватниот живот на Тоше Проески беше таен, сепак не поминуваше незабележано. И покрај тоа што го поврзуваа со многу девојки, неговите пријатели тврдат дека имал само една голема љубов, ракометарката Андријана Будимир, со која беше во долгогодишна врска со прекини.

 

Поминаа 12 години од денот кога цела Македонија, но и Балканот, се разбудија слушајќи ги шокирачките вести – Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

 

Ѕвездата од „Големи мали лаги“, Зои Кравиц, заедно со Роберт Патисон (познат по улогата во „Самрак“) ќе ги играат главните улоги во новиот филм за „Бетмен“. 

 

Кејт Мидлтон целосно го трансформираше нејзиниот стил на облекување поради кралицата Елизабета Втора. Изминатите години модниот избор на војвотката од Кембриџ главно беа здолништа и фустани со средна должина и крој кој се шири надолу.


Седмото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 12 до 17 октомври 2019, на повеќе локации во Скопје. Шестдневната програма ќе содржи богата филмска понуда, креативни работилници, мастер класови и низа други креативни и едукативни активности кои ќе вклучат  над 600 деца и млади на возраст од 11 до 19 години.