Три познати мајки, актерките Чарлиз Терон и Ева Мендез, и поранешната манекенка Криси Тиген, покажаа како изгледаат кога ќе се препуштат во рацете на нивните деца. А тие користејќи ја својата имагинација во свој стил ги средиле познатите мајки.


Меѓу првите која го покажа домашното разубавување од своите ќеркички Есмералда и Аманда, на Инстаграм  е актерката Ева Мендез. Оваа згодна Кубанка која  во јавноста секогаш се појавува беспрекорно средена, сега се покажа во едно поинакво издание.


Имено, нејзините ќерки решиле да си поиграат со бои и шминка од нејзиниот несесер и направиле вистинско шоу. Лицето на Ева им послужило како подлога за креативни изработки, а резултатот ги насмеа бројните обожаватели. Слично нешто овие денови се случи и во семејството на музичарот Џон Леџенд и поранешната манекека Криси Тиген, која покажа како изгледа кај нив една обична понеделничка вечер, кога ќерката Луна е главна. Четиригодишната Луна ги седнала родителите и ги средила до непрепознатливост со четка за шминкање и сребрена сенка. Родителите уживале во нејзината креативност.

Мејкап резултатот ја развесели и актерката Чарлиз Терон која се препушти во рацете на синот Џексон, кој го одгледува како девојче. Имено, иако биолошки е родена како момче, Џексон уште на три години го отфрлала маскулинтетот и тврдела дека не е машко.
Оваа 44 годишна актерка е мајка на уште едно дете, девојчето Огаст, а двете деца се посвоени. Токму Џексон ја уреди мајка си за доделувањето на „Избор од публиката“ наградите, а Терон порача дека е во рацете на најдобриот шминкер на светот и позираше со размачкан црвен кармин на усните.

Најново на форумот

  • No posts to display.