Еден од најпосакуваните мажи на светот 59- годишниот Џорџ Клуни, кој се најде на насловната страна на светски познатиот машки магазин „Џи Кју“ по повод 25 од првото издание на истиот, отворено зборуваше за неговиот приватен живот, љубовта, семејството иако тоа воопшто не наликува на него.

 

.- Ако ме прашавте дали сакам да бидам сопруг и имам деца кога имав 36 години , ќе ви одговорев „не, не е тоа за мене“. Иако го имав искусено брачниот живот сфатив дека тоа е доволно и не е за мене. Секако сè додека не се појави Амал во мојот живот. Звучи како клише, но, навистина тоа беше како будење за мене. Едно сосема ново искуство за тоа што до тогаш ми беше важно, а тоа беа мојата кариера, пријателите, слободниот  живот и цело слободно време само за себе. Во мигот кога таа се појави си реков „чекај малку, овде има една голема празнина“ – вели тој.

На прашањето зошто пополека се повлекува зад камерите, актерот изјавува:

- Премногу ја сакам мојата професија актер за да се доведам во ситуација некој да ми каже дека не сум доволно убав или млад за некоја улога. Сепак има многу работа и зад камерите: продуцирање, режирање, пишување, сето тоа е еден нераскинлив процес со глумењето и ќе ми биде следен предизвик. Всушност паралелно со тој предизвик е мојот животен предизвик да се грижам додека сум жив за две мали суштества кои сега се сосема зависни од моето и присуството на Амал. Ела и Александар имаат три години и се центарот на нашиот универзум. Не ми се верува дека јас го кажав тоа – завршува Клуни.

Најново на форумот

  • No posts to display.