Популарниот актер Кевин Спејси, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба, вели дека сака да соработува со филмскиот режисер Роман Полански, кому поради исто такво дело забранет му е влез во САД.

Оскаровецот Спејси сака да ја продолжи кариерата но во Лондон, каде што веќе почнал да бара имот за да се пресели. Според неговите пријатели тој сака повторно да почне да снима филмови, но поради обвиненијата за сексуална злоупотреба јасно му е дека тоа во моментов не е можно да го направи во САД, па се решил да замине во Британија.
- Тој долго време се воодушевува од работата на Полански  и веќе има подготвено неколку сценарија за филмови. Се надева дека ако замине во Лондон ќе може да соработува со него – вели пријател близок на актерот.
Во септември Спејси беше обвинет од двајца мажи, меѓу кои неговиот колега актерот Ентони Рап, за секусален напад во 80те години. Тие тврдат дека поради делото со години имале психолошки проблеми и поради тоа бараат да им се плати отштета. Спејси ги отфрли сите обвинувања како неосновани. Минатата година Спејси беше приведен од британска полиција под обвинение дека извршил сексусален напад врз британски жител. Тој исто така го отфрли ова обвинение како лажно, додека неговиот портпарол не излезе со ниту една официјална изјава.

Најново на форумот

  • No posts to display.