Со својот фејсбук статус водителката и фитнес инструктор Снеже Велков предизвика различни реакции нејзините пријатели и следбеници. Некои се сложуваа, а други негодуваа. Кое е вашето мислење?

 

Сакам да бидам посилна кога ќе дојде со лоша вест да кажам: Не се секирај, јас ќе работам за двајцата.

Сакам да биде посилен и цврсто да ме гушне кога светот ми се руши и да ми каже: Тука сум.

Сакам да бидам посилна и да му климнам со глава во знак на поддршка тогаш кога не сигурно ќе истапи на сцена.

Сакам да биде посилен кога ќе тргнам сама во битка да ми каже: Запамети секогаш ти го чувам грбот.

Сакам да бидам посилна и тогаш кога сите се откажуваат од него да му кажам: Јас верувам во тебе!

Сакам да биде посилен и да ми рече: Ќе помине 

Сакам да бидам посилна кога ќе ми кажат лоша вест за здравјето да му кажам: Не се секирај не се предавам јас така лесно

Сакам да биде посилен и да каже дека се ќе биде во ред тогаш кога мислам дека сум лоша мајка.

Сакам да бидам посилна и да му ги избриша солзите кога ќе се расплаче заради загуба на свој близок.

Сакам да биде посилен од инаетот и да ме гушне кога плачам макар колку и да бил тој во право.

Сакам да бидам посилна и да премолчам кавга кога имал лош ден.

Сакам да биде посилен кога ќе ми се збрчкаат дланките да ми каже:Нема да те испуштам никогаш

Сакам да бидам посилна и да му кажам:Потпри се на мене тогаш кога знам дека не може да се движи без бастун.

  Сакам силината да си ја мериме во кревкоста...оти тогаш е најтешко да бидеш "посилниот пол".

#блескај

#сакамштосмеразлични

#мотивација 

#инспирација

#бидинајдобратаверзија

Најново на форумот

  • No posts to display.