Холивудската актерка, Чарлиз Терон секогаш плени со својата убавина и јавноста е заинтересирана за детали од нејзиниот живот кој не секогаш ги открива. Но овој пат таа прозборе искрено за некои интимни детали.

Имено 45 годишна ѕвезда откри дека и покрај зафатениот распоред таа нема дадилки кои ѝ помагаат во грижата за децата Џексон (8) и Огаст (5).
Друга изненадувачка вест е дека Терон одлучи да не се крие повеќе и да признае дека имала три пластични операции, но не откри на кој дел од телото или лицето. Сепак таа отворено зборува за тоа како успева да се соочи со сите предизвици и тешкотии низ кои минува секојдневно. Во грижата за децата, двете кучиња кои неодамна ги посвои и преполниот распоред со снимања, таа најголема помош има од мајка ѝ како и неколку блиски пријатели.
- Кога ги посвоив Џексон и Огаст знаев дека ќе ми треба голема помош од мајка ми. Навистина ми е многу тешко да се снајдам како самохрана мајка, па затоа поддршката која ја добивам од мајка ми во нивното растење ми е од огромно значење - искрена е Чарлиз.



Најново на форумот

  • No posts to display.