Гордана Ѓорчева позната на јавноста како презентер на вести на МРТВ, деновиве е пресреќна во новата улога на баба. Имено пред два месеца таа го доби внукот Вања од ќерката Луција, кој е причината поради што секој миг сака да е дома со него.


-  Кога ми велеа другите околу мене дека внучето се сака повеќе од детето, јас не можев да верувам. Мислев дека мојата ќерка Луција е единственото суштество кое го сакам најмногу на светот. Но, ова е навистина неверојатна и сосема поинаква љубов, која не може да се опише со ниту еден збор. И сега додека зборуваме  ме лазат морници од чувството и возбудата што ме обземаа кога чекавме пред влезот на болницата. Првата средба беше со безброј емоции. Само сакам од срце да им посакам на сите жени да го почувствуваат овој дар од Бога. Да држиш во раце дете на твоето дете е чувство кое е едноставно незаменливо – вели Гордана и додава дека ужива во секој миг со внукот.


- Бескрајно сум среќна, и го користам секој миг поминат со Вања. Уживам во секоја негова нова реакција, уживам кога Луција ќе ми дозволи да го избањам, и тоа го правам со огромна љубов и внимание. Ги обожувам неговиот мирис, неговото гласче, неговата насмевка. Едноставно јас сум сосема друга личност откако Луција стана мајка, откако гледам како заедно со нејзиниот сопруг уживаат и одлично се снаоѓаат како родители. Јас сум најсреќната жена, а тој е центарот на мојот универзум
Иако кај нас постои верување дека жените кога ќе станат баби, се плашат од староста, Гордана не се согласува тоа и има енергија повеќе од кога и да било, а „виновникот “ за тоа е Вања, и одвај чека да потпорасне за да ужива во неговото детство и сите радости што тоа ги носи.
Со оглед дека во моментов цел свет поминува низ кризата ковид-19 , Гордана иако е загрижена, на читателите им порачува дека мора сите да внимаваме и да ги почитуваме мерките, а не смееме да го загубиме позитивниот дух.


- По природа позитивна личност и секогаш гледам на позитивната страна на животот. Точно е дека пандемијата комплетно ни го смени начинот на животот и сите сме свесни дека ова нема брзо да заврши. На почетокот, како и сите ние бев премногу исплашена, но сфатив дека стравот не влијае добро на нашето здравје. Многу внимавам, ги почитувам максимално препораките на здравствените работници. Маската и средствата за дезинфекција станаа дел од мојот живот. Мојата препорака е да ги почитуваме мерките и препораките, затоа што вирусот не е шега. Го има и ќе го има. Есенскиот бран беше очекуван и доколку сакаме ова побрзо да помине, сите мораме да бидеме внимателни и пертпазливи. Мора да се работи, затоа што во спротивно ќе се соочиме со голема економска криза. Посакувам да останеме негативни на ковид - 19, а позитивни во духот!

Најново на форумот

  • No posts to display.