Оскаровката која важи за голем професионалец кога е работата во прашање, откри дека никогаш не ужива во снимање на интими сцени, а најтешко ѝ било кога работела на филмот „После венчавката“ во режија на нејзиниот сопруг Барт Фрондлих.

Џулиен раскажа како во една сцена разговара со својот филмски партнер, актерот Били Крудуп, додека лежи во када потполно гола. Нејзе ѝ било многу непријатно и чудно бидејќи била целосно гола пред колегите од филмот и пред сопругот. 

- Навистина мразев што морам тоа да го снимам. Не сакам такви сцени и тоа ми беше најлошо искуство на сет - вели Џулиен која со Барт има две деца Кејлеб (21) и Лив(17) и додава дека сопругот не сака да ги гледа нејзините разголени филмски сцени и секогаш ги избегнува.
Таа признава дека исто како на многу жени што им е тешко да ги усогласат приватниот и професионалниот живот и нејзе тоа одвај ѝ успева.
- Мора постојано да балансирате. Тоа не е воопшто лесно - изјави Џулиен која со Барт има складен и среќен брак.
Веројатно причината за успехот во бракот е тоа што за нејзе секогаш семејството е на прво место:
- Милионските хонорари на моите деца не можат да им ја надоместат мајкатата. Ако мојот приватен живот страда поради некоја улога, нема да ја прифатам - вели таа.

Најново на форумот

  • No posts to display.