Со емотивен говор во кој се потсети на својата ќерка Џиана и сопругот Коби, Ванеса Брајант се прости од своите сакани кои загинаа во хеликоптерска несреќа. Таа раскажуваше за посебната љубов која ја имале со ќерка си Џиџи, за која откри дека била прекрасна ќерка, сестра и вистински другар.

Вљубена во спортот, готвењето, другарувањето и сè што сакаат младите, Џиана со својата насмевка им носела радост на сите околу себе. 
Нејзиниот говор ги расплака сите присутни, особено кога Ванеса зборуваше дека никогаш нема заедно со Џиџи да возат автомобил, нема да може да ја види на нејзината свадба и да ѝ каже дека е прекрасна и да ужива додека ја гледа како танцува со татко си. 

Сепак таа истакна дека е горда мајка на едно прекрасно девојче кое на посебен начин ги допрело животите на сите кои го познавале. 

За сопругот, нејзината сродна душа, Ванеса откри како ја делеле љубовта заедно од 17 години, кога се запознале и започнала нивната врска. Во последната СМС порака која ѝ ја испратил Коби напишал дека за него совршен одмор би бил да заминат само тие двајца, бидејќи Ванеса секогаш му била најдобриот другар и на прво место. Таа го опиша како грижлив татко кој во секој момент бил тука за своите ќерки. 
Остатокот погледнете го во видеото закачено на порталот. 

Најново на форумот

  • No posts to display.