Шестгодишната Алина Јакупова од Русија е избрана за „најубавото девојче на светот“. оваа титула таа ја освои благодарение на големиот број лајкови на нејзинките фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм, каде има над 23 милиони следбеници.

 

Таа живее во Москва и работи како модел веќе две години. Досега се има појавено на насловните страници од најпознатите модни списанија, а моментално Алина е заштитно лице на неколку модни линии за деца. Според модните фотографи, кои имаа среќа да работат со неа, однесувањето на Јакупова пред камерата е како искусен модел кој долги години се занимава со оваа професија. Модните критичари се убедени дека во иднина девојчето го чека голем успех во светот на модата .

- Клучот за нејзиниот успех не е само заради нејзината натприродна убавина, туку и нејзината вредна работа и самодисциплина кои ги поседува и покрај нејзината мала возраст - вели нејзиниот агент Роман Кухар.
На социјалните медиуми, обожавателите ја споредуваат Алина со едно друго девојче кое пред 11 години беше избрано за најубаво - Тајлин Блондо како и со моделка Џиџи Хадид. Но нејзината мајка вели дека ќерка ѝ е многу слична со Брижит Бардо и Клаудија Шифер.

Инаку Алина е сосема обично девојче. Таа оди во градинка (иако често мора да пропушта часови поради работата), ги обожава своите миленици кучето Акита Ину, портокаловата мачка и  двата папагали - подарок од нејзината мајка за неа и брат ѝ.

Најново на форумот

  • No posts to display.