Тие се славни и многу богати јавни личности , но не само со пари, туку и со деца. Во светот на шоу бизнисот има многу семејства со повеќе деца, но ние издвојуваме неколку популарни татковци кои можат да се пофалат со многудетни семејства.

1. Еди Марфи- десет деца

Комичарот во ноември 2018 година стана татко на синот Макс Чарлс, кој е негово десетто дете, а второ во врската со девојката Пејџ Бучер. Двојката ја има ќерката Изи Она. Марфи има двајца синови со поранешна девојка - Ерик и Полет Мекнили, како и Кристијан со Тамара Худ. Со поранешната сопруга Никол Мичер ги има - Брија, Мајлс, Шејн, Зола и Бела. Додека со поранешната Спајс девојка, Мелани Браун, ја има ќерката Ејнџел Ајрис.

2. Мел Гибсон - девет деца
Гибсон од првиот брак со поранешната сопруга Робин се родители на ќерката Хана и шест синови - Вилијам, Луис, Мајло, Томас и близнаците Кристијан и Едвард,. По разводот во 2006 година, од врката со руската пијанистка Оксана Григориева ја има ќерката Луција родена во 2009 година. Актерот со девојката Росалинд Росво 2017 станаа родители на синот Ларс Џерард Гибсон.

3. Стивен Спилберг - девет деца
Холивудскиот режисер со првата сопруга Ејми го имаат синот Макс, роден во 1985 година. Во вториот брак со Кејт Кепшоу доби шест деца. Билошките: Саша, Соер и Дестри и посвоените Тео, Џенет и Микаела. Спилберг е очув на Џесика Кепшоу. 

4.  Кевин Костнер - седум деца 
Костнер во бракот со Синди Силва има три деца - Ен, Лили и Џозеф. По разводот тој беше во куса врска со Бриџет Руни го доби синот Лиам, во 1996 година. Актерот моментално е во брак со моделката и дизајнерка Кристин Баумгартнер со која доби три деца - Кејден, Хејс и Грејс.

5. Роберт Де Ниро - шест деца
Легендарниот актер е татко на биолошкиот син Рафаел и очув на Дрена, од бракот со првата сопруга Дијана Абот. Од вториот брак со Грејси Хајтауер има две деца - Елиот и Хелен. Де Ниро ги има и близнаците Џулијан и Ерон, од долгогодишната врска со моделката Туки Смит.

6. Брус Вилис - пет деца

Актерот има три ќерки - Румер, Скаут и Талула, од бракот со Деми Мур. Со втората сопруга има уште две ќерки Мејбл и Евелин.

7. Хју Грант - пет деца
Во март 2018 година, Грант го доби третото дете - од вкупно пет- со девојката Ана Еберстин. Тие двајца се веќе родители на ќерка и син. Актерот е татко на син Феликс Чанг и ќерка Табита, со поранешната девојка Тинланг Хонг. 

Најново на форумот

  • No posts to display.