Македонскиот документарен филм „Медена земја“ денес испишува историја во македонската кинематографија, со две номинации за престижната филмска награда „Оскар“. 

Имено филмот за скромната Атиџе, последната жена- одгледувач на диви пчели која живее со сојата мајка во едно оддалечено село во централна Македонија, е номиниран  во категориите најдобар документарен филм, заедно со „Американска фабрика“, „Пештерата“, „За Сама“ и „На работ од демократијата“, како и за најдобар странски филм заедно со „Corpus Christi“ од Полска, „Les Miserables “ од Франција, „Pain and Glory“ од Шпанија. 
Номинациите беа објавени денес, а настанот ќе се одржи на 9ти Февруари. 
Стискаме палци за „Медена земја“. 

Најново на форумот