Пoзнатата телевизиска водителка ги открива тајните за тоа како да успеете во животот и ја постигнете саканата цел

1. Секогаш стремете се кон совршенство

„Одлуката да бидете совршени започнува со поврзување на своите мисли и зборови со намерата од себе да очекувате повеќе“. Овде Опра вели дека ако сакамме да сме успешни, мораме себеси да се натераме секогаш да го даваме максимумот. Вообичаеното вложување минимален труд за да завршиме одредена работа нема да нѐ одведе далеку. Треба да се стремиме кон совршенство и да се трудиме да го дадеме најдоброто од себе. 

2. Учете од неуспехот
„Јас не верувам во неуспех. Ако уживате во патување, неуспех не постои“.  Успешните луѓе учат од своите неуспеси, неуспешните луѓе страдаат поради нив и ги користат како изговор за откажување. Опра вели дека трба да уживате во патувањето кон целта, без разлика на исходот. И успехот и неуспехот се подеднакво добри учители и ве прават подобра личност. 

3. Успехот не е крајната цел
„Она што со сигурност го знам е дека ако сакате успех, тој не смее да ви биде цел. Немојте да се оптоварувате со тоа да станете успешни, туку потрудете се да направите нешто важно, а успехот сам ќе дојде“. Успехот сам по себе никогаш не е добра цел. На крај нема да направите ништо ако целото свое внимание и енергија ги насочите кон мислите за успехот. Енергијата треба да ја насочите кон своето дејствување.

4. Големата тајна
„Големата животна тајна ја нема. Која и да ви е целта, можете да ја постигнете, ако сте подготвени да работите“. Повеќето луѓе не е подготвени да вложат труд и работа за да ја постигнат целта. Повеќе сакаат сѐ д аим е сервирано на послужавник. Вистината е дека не постои краток пат до успехот- мора да бидете упорни, вредни и фокусирани. 

5. Мора да сте подготвени 
„Среќа е кога можноста ќе ја сртне подготвеност“. Ова можеби е најдобрата дефиниција за среќа. Не станува збор само за случајност или среќа. Луѓето кои се сметаат за среќници, всушност се добро подготвени. Тие ја искористиле можноста, можеби играле и несигурно, а сѐ само затоа што биле подготвени да ја прифатат можноста кога ќе им се пружи.

6. Дознајте што сакате да работите
„Сфатив дека секој од нас има сопствен повик кој е единствен како отисокот од прст, а најдобар начин да успеете е да откриете што сакате и потоа да најдете начин тоа да им го понудите на другите во вид на услуга. Да се трудите и истовремено да му дозволите на космосот да ве води“. 
Опра вели дека еден од најдобрите начини да се постигне траен успех во животот е да одредите што сакате и да работите и да се обидете тоа да им го понудите на другите. Успешните луѓе ги движи нивниот животен повик. Тој ги поттикнува, инспирира и тера напред од ден во ден.

7. Дали би сте го правеле тоа бесплатно
„Знаете дека сте на пат кон успехот тогаш кога својата работа би сте ја работеле и без пари“. Постои ли нешто кое скате да го работите, толку да нема да ви пречи што за тоа не сте платени? Ова е една од најчестите одлики на успешните луѓе. Тие го сакаат тоа што го работат, а успехот и парите доаѓаат природно. Овде треба да се напомене дека повеќето луѓе работат работа која им ги плаќа сметките, па поради тоа не е чудно што на иста работа остануваат цел живот. Сакате ли својот обичен живот да го претворите во фантастичен, мора да откриете нешто што ви доаѓа природно, што ве радува и што нема да ви здосади.

8. Страста создава енергија
“Страста е енергија. Почувствувајте ја моќта која се создава кога сте насочени на она што ви е возбудливо“. Страста доаѓа природно кога работиме нешто што го сакаме. Страста е енергија и таа е непресушен извор. Мора да се научите да ја искористите таа енергија, да почувствувате како ве зајакнува и потоа со нејзе да се качите на повисоко ниво. 

9. Мора напорно да работите
„Ако работите работа која ве исполнува сѐ останато ќе дојде“. Во животот нема скратени патеки. Напорната работа е единствениот пат до успехот и исполнување на соништата. Ако скате да бидете писател, мора секој ден да пишувате. Ако сакате да те музичар, секој ден мора да создавате музика, за да од ден на ден станувате подобри. Ако сакате унапредување, морате да ја покажете својата способност. Едноставно е. 

10. Никогаш не се потценувајте
„Кога ја потценувате својата работа, светот ќе ве потценува вас“. Во овој совет се крие голема вистина. Никогаш нема да изгледате самоуверено, сериозно и вредно ако ја намалувате својата вредност. Морате да бидете сигурни во себе и да ја чувствувате својата вредност за да ги убедите другите да ја ценат вашата работа и да ви платат колку што заслужувате.