Американската поп ѕвезда, Алиша Мур, позната под псевдонимот Пинк, објави дека ќе замине на подолг одмор од музиката, за да му се посвети на своето семејство и одгледувањето на децата Вилоу (8) и Џејмисон (2) , кои ги има во бракот со моторциклистот Кери Харт.

- Изминативе години неуморно работев и бев посветена само на музиката, но сега Вилоу почна на училиште додека Џејмисон во градинка, а Кери мора да се посвети на својата кариера. Тој досега ми беше голема поддршка и секаде ме следеше, но негов ред е да се посвети на својата професија.



Пинк заедно со семејството се појави на црвениот тепих за доделувањето на Кантри музичките награди во Нешвил. Таа со мотоциклистичкиот ас ќе прослави 14 години брак, и вели дека е среќна што сè уште се заедно. Двојката почна да излегува во 2001 година, ког се запознаа на еден спортски настан. Пинк го запроси Харт на една трка, во 2005 година, кога држеше напис на кој пишуваше „Дали ќе се омажиш за мене?“. Откако тој ја игнорираше, таа крена друг напис „Сериозна сум!“.
Двојката се венчаше во 2006 година во Костарика, но се разделија во 2008 година. Нивната разделба ѝ беше инспирација на пејачката за хит албумот „Funhouse“ издаден истата година. Се смирија подоцна истата година, по трагичната смрт на Тони, братот на Кeри, кој загина во мотоциклистичка несреќа.  

Најново на форумот

  • No posts to display.